Костадинка Палазова
македонска фолк-пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Костадинка Палазова Ѓорѓиоска (родена во Сехово, Кукушко, егејскиот дел на Македонија, во 1939 година) — позната македонска фолк-пејачка.[1]
Животопис
Палазова е родена во кукушкото село Сехово во 1939 година. Таа ја претрпела трагедијата и егзодусот на Македонците од Грција во 1948 година. Од Сехово пребегала во Гевгелија, а од таму била однесена во Гаково, Војводина и таму завршила трето одделение и по нејзина желба, таа се вратила во вардарскиот дел на Македонија во село Зубовце, Гостиварско. Работела во книговодство, како и учителка во село Сретково, Гостиварско цели 4 години, па потоа како наставничка во Симница каде се запознала со сопругот. Како наставничка продолжила и во ОУ „Братство и Единство“ 20тина години. Со пеењето започнала уште од рана возраст, пеела во хор во Гевгелија и во Гаково. Службено, пред телевизија, таа почнала со „Вие пред микорофон“, со песната „Врни се врни либе Мариче“ со која победила и вратите на телевизијата, се отвориле за неа. Костадинка пеела почнувајќи од 1960тите години. На Фестивалот „Роса“ во Универзалната сала во Скопје, таа добила награда за животно дело, по повод 50-годишниот јубилеј. Костадинка 8 години живеела и работела во Швајцарија. Повеќето од нејзините песни се врзани за егејскиот крај како и за Гоце Делчев, на кого е горда, преку 40 песни. Нејзини авторски песни се: „Филка мома моле бога“, „Сношти отидех џанам“ и многу други. Таа има огрoмен број настапи како во Македонија така и во странство. Најчесто придружувана од Васка Илиева, Есма Реџепова, Кочо Петровски. Живее во Гостивар. Во 2016 година, во Гостивар бил организиран голем велигденски концерт во нејзино име.[2]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads