Лошничка Река
река во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лошничка Река или Порос (грчки: Πόρος) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.
Remove ads
Опис
Реката се образува од два потока — Јазовино (Γιαζιοβινό), која извира во поднжјето на Јаза над с. Куманичево и тече во јужен правец, и Муричка Река (Μουρικίσιο), која извира западно под врвот Мурик и тече на југозапад. Двата потока се спојуваат над селото Лошница и потоа водотекот продолжува на југ.[1] Потоа ја прима големата лева притока Керасово. Реката образува граница меѓу планината Саракина на запад и Мурик на исток.[2]
Лошничка Река завршува во Бистрица како нејзина лева притока во месноста Сандово источно од Дреново.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads