Мехмед V

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мехмед V
Remove ads

Мехмед V Решад (турски: Mehmed V Reşad или Reşat Mehmet) (2 ноември 1844 во Цариград3 јули 1918 во Цариград) бил 35-тиот отомански султан.[1][3] Бил син на султанот Абдул Меџит I.[4] Како и многу други потенцијални наследници, тој бил затворен цели 30 години во харемите во царскиот сарај. Девет оди тие години тој бил чуван сосема сам. За ова време тој изучувал поезија во стар персиски стил и самиот бил почитуван поет.

Кратки факти Османлиски султан и Калиф, На престол ...
Remove ads

Владеење

Thumb
Султанот Решад V заедно со својата придружба. Битола, 1911. Фотографија од браќа Манаки (оштетена плоча)

Почнал да владее по Младотурската револуција, на 27 април 1909 година, но немал вистинска политичка моќ. Фактичките решенија и заклучоци ги донесувале разни владини функционери, а на крајот, за време на Првата светска војна, решавале трите паши: Енвер Паша, Талат Паша и Џемал Паша.

Единственото политичко дело од значење на Мехмед V била формалната објава на џихад против Антантата во ноември 1914. Ова била последната вистинска објава на џихад во историјата, бидејќи Калифатот постоел до 1924. Објавата немала некаков приметлив ефект врз војната, и покрај фактот што во отоманските територии живееле многу муслимани. Подоцна Арапите им се придружиле на Bританците против Tурците со т.н. Арапска буна во 1916 година.

Мехмед V бил домаќин на кајзерот Вилхелм II, неговиот сојузник, во Истанбул на 15 октомври 1917.

Remove ads

Смрт

Починал на 3 јули 1918 на возраст од 73 години.[1][5] Тој го провел речиси целиот свој живот во Долмабахче сарајот и Јилдиз сарајот во Истанбул. Гробот му се наоѓа во историскиот дел на Истанбул, Ејуп. Имал два сина: принц Мехмед Зијаедин (1873-1938) и принц Омер Хилми (1888-1935).

Слики

Неговата посета на Македонија во 1911 год. е овековечена во два кратки документарни филма од браќата Манаки:

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads