Нојенфелде

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нојенфелдеmap
Remove ads

Нојенфелде е рурален кварт, кој се наоѓа во округот Харбург на Хамбург, Германија, во близина на грацата со Долна Саксонија. Квартот е добро познат по неговиот квалитет на овошјето и уникатните домови, многу од нив позната туристичка атракции за туристите кои минуваат низ квартот, припаѓа на областа Алтес Ланд и е познат по цветањето на црешите и јаболката.

Кратки факти Земја, Местоположба на Нојенфелде во Хамбург ...
Remove ads

Историја

Thumb
А380 слетува на аеродромот Финкенвердер, со локалната црква подолу

Нојенфелде како Нинкоп бил првпат споменат во 1257, како село на холандските доселеници. Во 1937, поради законот за голем Хамбург Нојенфелде станал дел од Хамбург.

Опстанокот на населбата, моментално е под закана од соседната фабрика на Ербас и поради аеродромот. Во изминативе години, Ербас ја прошируваше пистата кон Нојенфелде. Ова ги вознемири месните жители, многу од нив ги продале нивните имоти во согланост со овои планови. Друг извор на вознемирување била планираното преместување на локалната црква Свети Панкратиус, дом на историските барокни оргули поставени од Арп Шнитгер. На 16 јули 2007, новата продолжена писта започнала со работа.[1]

Remove ads

Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Нојенфелде имал вкупна површина од 15,5 км2. Нојенфелде е дел од регионот Алтес Ланд.[2] Границите на квартот на север се со реката Елба и квартот Финкенвердер во округот Хамбург-Мите. На запад е малиот кварт Кранц и округот Штаде во Долна Саксонија На југ е квартот Нојграбен-Фишбек, а на исток се наоѓа квартот Франкоп. Населбата Нојенфелде се состои од две главни улици; Нинкопер Штрасе и Арп-Шнитгер-Штајг, втората составена главно од комерцијални продавници, градинката, училиштето, противпожарната бригада, ресторан, аптека и фризерски салон. Граничејќи со населбата се и Хаселвердер Штрасе и Маршкампер Дајх.

Remove ads

Демографија

Во 2006, во квартот Нојенфелде живееле 4.614 луѓе. Густината на населеност била 298 жители на км2. 22,2% биле деца под 18 години, а 14,9% имале 65 години или повеќе. 25,3% биле странци. 199 лица биле регистрирани како невработени.[3]

Во 199, имало 2.026 домаќинства, а 26,5% од сите домаќинства биле составени од само еден член.[4]

Има 1 основно и ниедно средно училиште во квартот Нојенфелде и 2 лекари во приватни ординации и нема аптека.[5]

Сообраќај

Квартот не е опслужуван со железничкиот систем на С- или У-Железницата, меѓутоа јавниот превоз до градот е обезбеден со автобусот број 257, правец Нојграбен, како и автобусот број 150, правец Алтона. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Нојенфелде имало регистрирани 2.001 приватно возила (429 возила/1000 луѓе).[5]

Познати градби

  • Црква Свети Панкратиус (St. Pankratius-Kirche), локална црква

Познати луѓе

  • Арп Шнитгер (1648 - 1719), германски градител на оргули

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads