ОУ „Хајан Селмани“ - Ростуше
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Хајан Селмани“ (во минатото: Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“; официјално: Основно општинско училиште „Хајан Селмани“ - Ростуше; скратено: ООУ „Хајан Селмани“) — централно основно училиште во селото Ростуше, Општина Маврово и Ростуше.[1]
Денес, училиштето е именувано по локалниот претприемач и стопанственик, Хајан Селмани, додека во минатото училиштето го носело името на истакнатиот македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач Ѓорѓија Пулевски.
Remove ads
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото.
Историја
Училиштето во Ростуше е најстара воспитно-образовна организација во регионот. Училиштето започнало со работа во 1944 година во просториите на Бигорскиот манастир. Од 1945 година, наставата се одвива во училишната зграда во центарот на Ростуше која била изградена како административна зграда за тогашната општина.
Во октомври 2019 година, училиштето било преименувано во чест на македонскиот претприемач и стопанственик со потекло од долнореканскиот крај Хајан Селмани.[2] Во југословенскиот период, училиштето го носело името и на Иво Лола Рибар.
Remove ads
Подрачни училишта
Во составот на училиштето спаѓаат:
- ПУ „Хајан Селмани“ - Требиште;
- ПУ „Хајан Селмани“ - Велебрдо; и
- ПУ „Хајан Селмани“ - Јанче.
Галерија
- Училишната со дворот
- Влезот на училиштето
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads