Општина Кадино
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Кадино ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Кадино бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Идризово, Кадино и Мралино.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Кадино останал територијално непроменет. МНО Кадино тогаш припаѓал во Скопската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Кадино бил проширен со селата Јурумлери и Трубарево, на сметка на укинатиот МНО Маџари.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Кадино бил укинат на сметка на проширената Општина Петровец која ги добила селата Идризово, Јурумлери, Кадино и Мралино, како и на сметка на проширениот Град Скопје кој го добил Трубарево.[4]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Кадино имал 1,501 жител, односно вкупното население на Идризово, Кадино и Мралино. Од таа бројка, 1,047 биле Македонци, 214 биле Срби, 127 биле Албанци, 95 биле Турци, 4 биле Хрвати, 1 бил Црногорец, додека 1 бил Романец.[5]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads