Ослободителна војска на Косово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ослободителна војска на Косово или скратено ОВК (албански: Ushtria Çlirimtare e Kosovës - UÇK) — албанска терористичка организација на Косово која со нападни врз државните органи (војска, полиција и други) и цивили се бореше за независност на Косово и Метохија од Србија и СР Југославија. ОВК односно УЧК се бореше исто така за отстварување на таканаречена „Голема Албанија“. Според српски и западните разузнавачки служби основна форма на финансирање на ОВК се трговијата со дрога, која изнесува најмалку половина од своите средства, а добар дел од останатите средства беа собрани преку криминални активности.
ОВК била формирана во 1994 година, а првпат во јавноста се појави во 1996 година. Целта беше независно Косово, а користиле секакви средства за вооружена борба. Дел од структурите на ОВК се обучени и тренирани од британските САС и американската ЦИА. Основач и водач на ОВК, сè до неговата смрт во 1998 година беше Адем Јашари (алб. Adem Jashari), а после неговата смрт Хашим Тачи (алб. Hashim Thaçi) до распаѓањето на ОВК во 1999 година. Оваа организација е вклучена во судири и напади врз српските цивили на Косово, пред и по окупацијата на НАТО во 1999 година.[1][2].
Голем дел од структурите на ОВК учествуваа исто така и во војната 2001 година во Македонија.
Remove ads
Воени злосторства
Список на масакри извршени од терористите на ОВК
- Масакр во Клечка (26–27 август 1998) – 22 изгорени тела на Косовски Срби се пронајдени во импровизиран крематориум, меѓу нив и жени и деца[3]
- Масакр на Радоњичото езеро – убиство на 34 косовски Срби, кои масакрот се фрлени во езерото[4][5]
- Убиствата во Гнилане – во масовни гробници се пронајдени 80 косовски Срби во околината на Гнилане[6]
- Масакр во Ораховац – повеќе од 100 Срби и Роми се киднапирани, а околу 50 од нив се убиени во логори[7]
- Масакр во Старо Грацко - ликвидирани 14 српски земјоделци[8]
- Масовна гробница Угљаре - пронајдени 15 тела на косовски Срби[8][9]
- Масакр во Волујак - масакр над 25 косовски Срби цивили[10]
Логори
- Логор Лапушник
- Логор Јабланица
Трговија со органи
При крајот на Косовската војна 1999 година, неколку стотина Срби и Роми се однесени во Албанија во таканаречената „Жолта куќа“, каде откако се убиени, им ги извадија органите за да ги продават на црно.[11]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads