Папе Матар Сар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Папе Матар Сар (роден на 14 септември 2002 година, во Тијароје) — сенегалски фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем и на сенегалската репрезентација.
Remove ads
Клупска кариера
Папе Матар Сар ја започнал својата кариера во Женерасион Фут во неговата родна земја Сенегал, пред да потпише петгодишен договор со француската екипа Мец на 15 септември 2020 година.[3] Сар првично бил испратен да игра за вториот тим на Мец во Националното првенство 2, но имал само еден настап пред да биде повикан во првиот тим по сезоната која била прекината поради пандемијата на КОВИД-19.[4] Тој го направил своето деби за првиот тим на Мец на 29 ноември 2020 година, во натпреварот од Лига 1 против Брест.[5] На 31 јануари 2021 година, Сар го постигнал својот прв гол во Лига 1 во обратниот натпревар против Брест, при победата со 4-2 на гостински терен.[6]
На 27 август 2021 година, Сар потпишал за англискиот премиерлигаш Тотенхем Хотспар, кој го оставил играчот на позајмица во Мец до крајот на сезоната 2021–22.[7] Во втората сезона во Мец, Сар одигал 33 натпревари во Лига 1 и постигнал еден погодок во победата на домашен терен со 4-1 над Лорјан.
Во летото 2022 година, Сар конечно му се приклучил на Тотенхем, но своето долгоочекувано деби во Премиер лигата го направил на 1 јануари 2023 година, влегувајќи како замена на местото на Ив Бисума во поразот на домашен терен со 2–0 од Астон Вила.[8] Тоа воедно било и неговото деби за Тотенхем, а од тој натпревар Сар започнал редовно да игра за Спарс, било како стартер или влегувајќи од клупата. На 28 мај 2023 година, во последниот натпревар од сезоната, тој забележал асистенција за голот на Лукас Моура во победата со 4–1 на гостувањето кај Лидс Јунајтед.
На 19 август 2023 година, Сар го постигнал својот прв гол за Тотенхем во нивниот прв натпревар на домашен натпревар во Премиер лигата 2023–2024, победата со 2–0 над Манчестер Јунајтед.[9] На 2 јануари 2024 година, Сар го продолжил договорот со Тотенхем до 2030 година.[10]
Remove ads
Репрезентативна кариера
Сар го направил своето деби за репрезентацијата на Сенегал на 26 март 2021 година во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2021 против Конго.[11]
Во јануари/февруари 2022, бил дел од репрезентацијата која го освоила Африканскиот куп на нации 2021; тој забележал само еден настап на турнирот, влегувајќи како замена во победата со 3–1 над Буркина Фасо во полуфиналето.[12][13] Кон крајот на истата година, бил повикан за Сенегал за Светското првенство 2022, каде што се појавил како замена во победата со 3-1 над домаќинот Катар во групната фаза,[14] и во поразот со 3–0 од Англија во осминафиналето.[15]
Хронологија на репрезентативните настапи
Remove ads
Титули
Клупски
Тотенхем
УЕФА Лига Европа : 1
- 2024-2025
Репрезентативни
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads