Патпатарско-толајски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Патпатарско-толајските или светиџорџиски јазици се подгрупа на новоирските јазици од групата на океански јазици. Јазиците се зборуваат на островот Нова Ирска во Папуа Нова Гвинеја.
Remove ads
Јазици
Според Базата на основни австронезиски зборови од 2008 година, јазиците се:[1] f
- сијарско-лачки јазик
- патпатарско-минигирски
- патпатарски јазик
- куаниуанско-минигирски
- куануански јазик
- лунгалугански јазик (минигирски, од групата на моноанско-уруавански јазици)
Според Базата, минигирскиот (од групата на моноанско-уруавански јазици) е поблизок со куануанскиот одошто куануанскиот со останатите патпатарско-толајски јазици. Поради тоа, јазикот е во оваа класификација, а другите јазици не биле проценети. Некои јазици кои традиционално се сметаат за патпатарско-толајски не се дел од класификацијата на базата.
Според Етнолог, јазиците од оваа група се[2]:
- фанамакетски јазик
- кандаски јазик
- кономалански јазик
- куануански јазик
- лабелски јазик
- ниварски јазик
- патпатарски јазик
- рамоајнански јазик
- сијарско-лачки јазик
- сурсурунгански јазик
- тангански јазик
- варварско-фениски јазик
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads