Попова Шапка

скијачки центар во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Попова Шапкаmap
Remove ads

Попова Шапкаскијачки центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1.780 м) на Шар Планина, кој се наоѓа во непосредна близина. Се одликува со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај. Административно влегува во атарот на селото Лисец, кое лежи пониско.

Кратки факти Попова Шапка, Место ...

Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 километри од Тетово и 65 километри од Скопје. Од Тетово води регионалниот пат 1209, кој поминува низ попатните шарпланински села. Пред воените дејствија во 2001 година, до Попова Шапка можело да се стигне и преку гондолска жичарница долга околу 7 километри од самиот град Тетово. Но, поради сериозни оштетувања за време на воените дејствија жичарницата е нефункционална. Почетната станица на жичарницата се наоѓа во близина на Арабати баба-теќе и за неполни четириесет минути можело да се стигне до Попова Шапка.

Видикот од Попова Шапка е отворен кон соседните планини Јакупица и Солунска Глава (2.540 м.), а во подножјето се наоѓа Полошката Котлина.

Remove ads

Потекло и значење на името

Името се поврзува со една легенда за свештено лице, поп, кој го посетувал регионот каде сега се наоѓа Попова Шапка. Посетите биле од верска природа, а при една таква посета, дошло до невреме со силен ветер и ветрот ја оддувал шапката на попот. Тој започнал да ја бара шапката, но не можел да ја најде, па им наредил и на помошниците да бараат. Некој од верниците извикал дека шапката е на брдото, но потоа се насмеал и рекол дека брдото му заличило на шапката од попот. Тие заминале, но местото засекогаш го добиле името по поповата шапка.[1]

Remove ads

Историја

Првите скијачки активности на Попова Шапка започнале во 1934 година, кога бил подигнат планинарско-скијачки дом. Во рамки на планинарското друштво Љуботен во 1929 година била создадена скијачка секција, по што во февруари 1934 година на Попова Шапка биле организирани и првите скијачки натпревари. Пред Втората светска војна се направиле првите чекори за планинарството и планинскиот туризам.[1]

По војната, Попова Шапка започнала да се развива како планинарско-скијачки центар. На Шапка започнале да се градат првите жичарници и ски-лифтови.[1] Центарот е еден од најстарите и најголемите во Македонија, кој потекнува од 1947 година.[2] Истата година бил организиран и првиот Шарпланински куп, најстарата скијачки манифестација на Балканот.[1]

Во 1948 година била изградена и единствената скијачка скокалница во Македонија.[1]

Со центарот управува државното претпријатие Електростопанство на Македонија.

Remove ads

Објекти

Сместувачки капацитети

До Втората светска војна единствен објект на Попова Шапка бил планинарскиот дом свечено пуштен во употреба на 11 ноември 1934 година,[3] за кој во еден новински напис од 1940 година се истакнува дека може да прими околу 130 луѓе, нема струја, но е поврзан со телефонска линија со Тетово, а преноќување чинело 5-6 динари за членови на планинарско друштво, 10-25 динари за сите други (зависно од тоа дали сместувањето е засебно или групно). Полн пансион чинел 32 динари. Превозот од Тетово траел 3 часа, а бил со изнајмен коњ за 10-20 динари до селото Лисец, па оттука до домот можело да се оди пешки.[4]

На Попова Шапка се изградени хотелите „Попова Шапка“, „Тетекс“, „Славија“, „Бора“ и други одморалишта. Во непосредна близина на Попова Шапка се наоѓаат местата Јелак, Лешница и Церипашина.

Во поново време во центарот се подигнати и нови хотели.

Верски објекти

Во непосредна близина на скијачкиот центар се наоѓа Поповошапскиот манастир со црквата „Св. Наум Охридски“, а во поново време е подигната џамија.

Спортски манифестации

На Попова Шапка традиционалната се одржува манифестацијата „Шарпланински куп“.

Летно време се одржува планински велосипедски маратон „Шарски Води“, со почеток на Попова Шапка и крај во Бунец на Маврово. Традиционален меѓународен скијачки „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле“. Скијачкиот центар Попова Шапка располага со скијачки патеки во должина од 35 км, три хомогенизирани патеки според стандардите на ФИС, со 9 скилифтови и 2 двоседишници. Скијачките патеки се погодни за повеќе ски-дисциплини, а посебно се привлечни за скијачи-рекреативци.

Remove ads

Галерија

Поврзано

  • Шапка — планина во југозападниот дел на Егејска Македонија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads