Шарпланински куп
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шарпланински куп е спортска скијачка манифестација која се одржува секоја година на ски центарот Попова Шапка на Шар Планина.
Историја
Првиот Шарпланински куп е одржан во 1947 и со тоа е најстар меѓународен скијачки натпревар на Балканскиот регион. Во 1954 станува дел од FIS B натпреварите, додека од 1969 до 1986 е натпревар за Европски Куп во скијање. Поради губењето на статусот во 1986 година, во 1999 повторно се кандидита натпревар за Европски Куп.
Патеки
Слаломот се вози на патеката Езерино и е долга 685 метри со височинска разлика од 198 м, додека патеката за велеслалом Орлова е долга 1.140 метри со височинска разлика од 390 метри.[1]
Победници
Управа
Извршен одбор
Извршниот одбор брои 17 члена од кои:
- Жарко Трпкоски, вд. претседател
- Будимир Апостолски, ген. секретар
- Зоран Теофиловски, претседател на Алпски Комитет
Иницијативен одбор
Овој одбор постои за повторнo да се реактивира купот, и за да го врати стариот сјај. Има 10 члена.
Награди
Сите првоосвоени три места добиваат парична награда, а додека на првоосвоеното место му се доделува и куче Шарпланинец, како симбол на планината и маскота на купот. Покровител на купот е Претседателот на Република Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads