Преспанско-пелагониска епархија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Преспанско-пелагониска епархија
Remove ads

Преспанско-пелагониска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 1958 година и за нејзино седиште е избран градот Битола. При формирањето на МПЦ оваа епархија се нарекувала Охридско-битолска епархија. За архијереј бил избран епископот Климент, кој раководел до 1977 година . Во 1974 епархијата била преименувана во Преспанско-битолска и неа ја администрирале викарните епископи Методиј, Ангелариј и Горазд, а од 1979 митрополитот Гаврил. Во 1981 година на чело на Преспанско-битолската епархија бил поставен митрополитот Петар. Во 1994 година епархијата била преименувана во Преспанско-пелагониска со четири намесништва: Битолско, Прилепско, Ресенско и Крушевско-демирхисарско.[1] Епархијата има околу 300.000 верници, 600 цркви, манастири и капели, со 100 свештенослужители и 30 монаси и монахињи.

Кратки факти Преспанско-пелагониска епархија, Јазик ...

Епархијата ја поседува Митрополитската современа библиотека Св. Јован Богослов, чијшто вкупен книжен фонд се состои од над 10.000 книги. Таа, како издавачка куќа, досега има издадено најразлична богословска литература. Во состав на Епархијата работи Хуманитарната Организација „Самарјанин“ која истовремено е иницијатор и исполнувач на идејата за проектот „Трето дете – зголемување на наталитетот“. Оваа хуманитарна организација, со благослов и под покровителство на надлежниот архијереј, организира голем број хуманитарни изложби, приредби, аукции, со цел прибирање помош за штитениците на епархијата. Нејзина исклучително значајна активност е и народната кујна.

Remove ads

Митрополити

Македонска православна црква
Климент Преспанско-битолски 1959 - 1979
Петар Преспанско-пелагониски 1981 - денес

Викарни епископи

Македонска православна црква
Јован Дремвицки 1998 - 2000
Климент Хераклејски 2005 - денес
Thumb
Карта на епархиите во Македонија.

Намесништва и парохии

Преспанско-пелагониската епархија има 4 архијерејски намесништва и 39 парохии.

Битолско архијерејско намесништво
Прилепско архијерејско намесништво
Ресенско архијерејско намесништво
Крушевско-демирхисарско намесништво
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads