Ралштет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ралштет е кварт (Stadtteil) во округот Вандсбек (Bezirk) на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија.
Remove ads
Историја
Квартот бил првпат споменат во 1248 со името Radoluestede.
Географија
Квартот, кој се наоѓа во североисточниот дел на Хамбург, е најголемиот во округот и еден од најголемите во градот. Се граничи со квартовите на Хамбург Фолксдорф, Фармзен-Берне, Тондорф и Јенфелд; и округот Штормарн, во Шлезвиг-Холштајн.
Демографија
Во 2006, во квартот Ралштет живееле 86.413 луѓе. Густината на населеност била 3.252 жители на км2. 17,4% биле деца под 18 години, а 22,5% имале 65 или повеќе години. Странци биле 9% од населението. 3.983 лица биле регистрирани како невработени.[1]
Во 1999, имало 41.301 домаќинство, од кои 22,4% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 38,8% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,05.[2]
Образование
Меѓу училиштата во Ралштет се: Гимназија Олденфелде, Гимназија Ралштет, Гимназија Мајендорф и Ново училиште Хамбург.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


