1248
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1248 (MCCXLVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1248 година од новата ера, 248. од вториот милениум, 48. од XIII век и деветта од 1240-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6756 и 6757 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5998 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5008 и 5009 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2001.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1248 година се протега во 3884 и 3885, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3944 и 3945 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1791. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 645 и 646 исламска година.
Remove ads
Настани
- 15 август - Поставен е камен темелник на Келнската катедрала, откако една постара катедрала на местото изгорела на 30 април (изградбата е завршена 632 години подоцна, во 1880).
- 25 август - Холандскиот град Омен добива градските права во Холандија.
- 23 ноември - Реконквиста: кралот Фердинанд III Кастилски го враќа градот Севиља од Маврите, завршувајќи; оваа година, исто така, принцот Алфонсо Х Кастилски го освојува градот Аликанте.
Непознат датум

- Кралот Луј IX започнува Седма крстоносна војна, со армија од 20.000 за освојување на Египет.
- Папа Инокентиј IV им дава дозвола на Хрватите да го користат својот јазик и писмо во литургија.
- Роџер Бекон ја објавува формулата за барутот во Европа.
- За првпат се споменува Кенигсбрик.
- За првпат се споменува Нојштат-Глеве.
- Штернберг добива градски права.
- Витшток добива градски права.
- За првпат се споменува Ралштет.
- За првпат се споменува Нојбранденбург.
Remove ads
Родени
Починале
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads