Ратка Бакалиноска

првоборец и носител на Партизанска споменица 1941, одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и сојузно ниво From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ратка Бакалиноска (11 ноември 1926 , Битола[1]26 јануари 2022 , Скопје) — првоборец и носител на Партизанска споменица 1941, одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и сојузно ниво.[2] Носител е на Партизанска споменица од 1941.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Роденa е во Битола каде го завршува основното образование, а пред завршување на гимназија им се приклучила на партизаните во борбата со фашистичкиот окупатор.[2][3]

Учествувала во народно ослободителното движење од април 1941 година, како член на СКОЈ. Во мај 1942 година била затворена, но наскоро ослободена. Од 1 октомври 1943 година, станала борец на Шарпланинскиот партизански одред. Додека одредот се наоѓал на Шар Планина, Бакалиноска работела со селските младинки. Кон крајот на ноември 1943 година, одредот бил разбиен, а Ратка била заробена од балистите и одведена во Принзренскиот затвор каде останала до 1 јуни 1944, а потоа била предадена на Германците и одведена во концентрационен лоrор во Виена, каде останала до 6 мај 1945 година.[1]

По ослободувањето, завршила гимназија и дипломирала на Филолошкиот факултет во класата на проф. д-р Блаже Конески. Во текот на работниот век извршувала голем број општествени функции на републичко и сојузно ниво, меѓу кои помошник-министер за информации, советник на министерот за информации на СРМ, член на Републички комитет за меѓународни односи, член на Советот на Радио Скопје и на други комитети на републичко и сојузно ниво.[2]

Во декември 2020, поттикната од тогашното вето на Бугарија за влез на Македонија во ЕУ, при што, меѓу другото, Бугарија го оспорува ословувањето на нејзината власт во Македонија од 1941-44 како окупаторска и фашистичка, Бакалиноска ја раскажала својата лична приказна за животот под бугарска окупација.[4]

Починала во Скопје, а нејзините посмртни останки биле погребани во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads