Список на заштитени природни подрачја во Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ова претставува список на заштитени природни подрачја во Република Македонија, кој содржи три национални парка (108.338 хектари), четири строги национални резервати (12.855 хектари), три области со исклучителни природни обележја (2.338 хектари), 14 различни растителни и животински видови коишто живеат во области надвор од природните резервати (2.709 хектари) и на 33 природни области во категоријата на т.н. „споменици на природата“ (61.655 хектари).[1] Севкупно, системот на заштитени подрачја вклучува 82 подрачјa, кои зафаќаат површина од 357.778,05 хектари или околу 13,92% од територијата на државата.[2]
Remove ads
Категоризација
Според Законот за заштита на природата, заштитените подрачја се поделени на:[3]
- Категорија I
- Iа - строг природен резерват
- Iб - подрачје на дивина
- Категорија II - национален парк
- Категорија III - споменик на природата
- Категорија IV - парк на природата
- Категорија V - заштитен предел
- Категорија VI - повеќенаменско подрачје
Строги природни резервати (Iа)
Досега, во Македонија се прогласени четири строги природни резервати:[4]
- Тиквеш — јужниот дел на Тиквешкото Езеро и околината
- Плоче Литотелми — во близина на селото Страцин, Кратово
Национални паркови (II)

- Национален парк Пелистер
- Национален парк Маврово
- Национален парк Галичица
- Национален парк Шар Планина - прогласен на 30 јуни 2021 година со површина од 62,705 хектари[5]
Споменици на природата (III)

Споменици на природата кои се прогласени со законски акт како споменици на културата или како ботанички резервати:
- Млечник — пештера
- Слатински Извор — пештера
- Калница — палеонтолошко наоѓалиште
- Превалец — палеонтолошко наоѓалиште
- Демиркаписка Клисура — клисура на реката Вардар
- Локви — во близина на селото Големо Коњари, Прилеп
Remove ads
Паркови на природата (IV)
- Езерани — северниот брег на Преспанското Езеро
Заштитени предели (V)
- Осоговски Планини - прогласено на 17 ноември 2020 година, за заштита на дел од планината со површина од 48.807,16 хектари[6]
Повеќенаменски подрачја (VI)
Друго
Во Македонија се сретнуваат и други облици на заштита, кои не влегуваат во овој список. Низ територијата на Републиката се сретнуваат заштитени поединечни дрвја, група на дрвја, парк-шуми, повеќенаменски подрачја и слично. Вакви примери се:
Природни реткости
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads