Србиновска Котлина

котлина во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Србиновска Котлина или Брежанска Котлина (бугарски: Брежанска котловина) — котлина или долинско проширување во поречието на Струма во Горноџумајско, Пиринска Македонија.[1]

Котлината е сместена меѓу најсеверозападните ридови на Пирин. Почнала да се развива во раниот терцијар, каде е исполнета претежно од палеогенски наслаги во кои има слоеви од квалитетен камен јаглен. Конечно се образувала за време на квартарот. Климата е преодно континентална. Се одводнува од Брежанска Река, која е лева притока на Струма. Почивата е плитка, претежно од исведен циметен планински вид.

Во котлината е развиено јагленарството, тутунарството и овчарството.[1]

Единственото населено место во котлината е селото Србиново (денес Брежани).[1]

Remove ads

Топографска карта

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads