Ставрос (грчки: Σταυρός) — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Ставрос бил дел од општина Егнатија[2].
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 77 километри источно од Солун, во североисточниот дел на Халкидик, на надморска височина од 10 метри, на западниот брег од Струмски Залив на планината Колани.
Ставрос опфаќа површина од 16.50 квадратни километри[3].
Историја
Во XIX век Ставрос било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Грци[4]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 200 Грци[5].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Туризам
По економската обнова на местото кон 1950-1960-тите години, Ставрос станал популарно туристичко одредиште за жителите од СФРЈ. Во селото се наоѓаат неколку хотели, вили, лунапарк, дискотека, плажи, товарно пристаниште.
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 253 бегалски семејства и 906 лица[6]. Денеска, населението на селото е 3672 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.