Стар Манастир (Дамјан)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сурим Врчва — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Дамјан. Претставува утврдена рударска населба од железно време и од доцноримско време. Лежи на падините од ридот кој на север се спушта до коритото на Тополничка Река. На источниот крај минува полскиот пат за селото Дамјан, а на западниот се коповите и објектите на рудникот „Дамјан“. Се работи за мало плато, вештачки зарамнето, со извонреден поглед кон влезот во Радовишко Поле од клисурата Пилав Тепе, на кое се гледаат остатоци од бедем на мала населба - кастел, со простор од околу 60 × 40 м. На површината има фрагменти од доцноримска керамика, питоси и тегули, а на падините се среќаваат фрагменти од керамика од [[железно време, по фактурата слична на керамиката од Криви Дол во Радање (Штип). При увидот во 1987 година е пронајдено дека од притисокот на тежината од јаловината, нафрлена од рударските копови, настанало лизгање на теренот кое на населбата нанело катастрофални оштетувања. Поточно, челниот бедем е прекинат на неколку места и е поместен од вертикалната и хоризонталната оска речиси по целата должина. На средината и на јужниот ќош, надворешното лице на бедемот е оголено во висина и до 2 м, така што сосема добро се гледа начинот на ѕидањето, изведено од делкани блокови, кршен камен и варов малтер. Постои опасност населбата да биде уништена во најблиско време.[1]
Remove ads
Поврзано
- Грамади — населба од доцната антика и средниот век;
- Јасен — населба од доцниот середен век;
- Канли Чаир — населба од неолитот;
- Маденска Река — доцноантичка населба;
- Марчово — населба и некропола од доцноантичко време;
- Ограѓе — населба од доцната антика и средниот век;
- Османова Ритка — сакрален објект од средниот век;
- Падарница — тумул од железното време;
- Стар Манастир — населба од железното време и доцната антика;
- Сурим Врчва — сакрален објект од средниот век;
- Тополничка Река — храм од античко време;[2]
- Турски Гробишта — некропола од доцната антика;
- Дамјан;
- Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads