Угурли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Угурлиmap
Remove ads

Угурли, Огрек или Перистерона (грчки: Περιστερώνα, Перистерона) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Угурли бил дел од општина Аполонија[2].

Кратки факти Угурли Στίβος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 32 километри западно од Ставрос и 46 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа југозападно од Бешичко Езеро. Пред започнувањето на Втората светска војна, селото се наоѓало на околу три километри јужно од Бешичко Езеро, во непосредна близина и источно од селото Алани, но по крајот на војната местоположбата на селото била поместена северозападно. Селото се наоѓа на надморска височина од 154 метри.

Угурли опфаќа површина од 51 квадратни километри[3].

Remove ads

Историја

Во XIX век Угурли било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 270 жители Турци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија, додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови.

Во 1927 година селото било преименувано во Перистерона[5].

Со царската наредба од 28 јуни 1918 година, селото станало самостојна општинаЖ во Лагадинската околина.

Денес, населението на селото главно се занимава со земјоделство односно со производство на памук, пченица и овошје.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 54 семејства и со 203 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 231 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 294 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 384 жители, во 1971 година имало 405 жители, во 1981 година имало 360 жители, додека во 1991 година имало 456 жители[7] а во 2001 имало 346 жители[8]. Денеска, населението на селото е 394 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads