Цакони (Костурско)
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цакони (грчки: Τσάκονη, албански: Çakonji) — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 13 километри југозападно од градот Костур и Костурското Езеро во Костурската Котлина на брегот на реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 688 метри.
Историја
Во XV век во Цакони биле евидентирани 66 глави на домаќинства[2]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, Цакони имало 200 жители Македонци и 150 македонски муслимани или Турци[3][4].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Цакони се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 61 куќа.[5] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 296 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[3][6]. Во училиштето предавал Никифор Папасидерис, идниот костурски митрополит.[7][8]
Според грчката статистика од 1905 година селото било ќисто грчко со 350 жители.[9] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 40 македонски и 20 турски семејства[10], додека според Георги Христов и едно влашко семејство.[11].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[12]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 423 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 354 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1928 година овој број изнесувал 92 лица[9] или според други податоци 26 семејства со 106 лица.[13]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото броело 341 жител.[13], додека во 1940 година селото броело 448 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 386 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 366 жители, во 1971 година имало 324 жители, во 1981 година имало 348 жители, додека во 1991 година имало 341 жител[14]. Денеска, населението на селото е 311 жители според пописот од 2001 година[15].
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности

- Родени во Цакони
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads