Црква „Вознесение Христово“ - Бели

црква во селото Бели From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Вознесение Христово“ - Белиmap
Remove ads

Вознесение Христово – главна селска црква во селото Бели.[1] Сместена е на височина во средишниот дел на селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена во 1870 година, но не познато кога и од кој архијереј била осветена. Иконите биле изработени во 19 век од страна на зографот Захариј Самоковец и други непознати творци. Внатрешноста на црквата не била зографисана.[2]

Во март 2013 година, започнала обнова на црквата со средства прибрани од мештаните.[3]

Во април 2015 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени 1.500 денари.[4]

Рушење и обнова

Во декември 2020 година, објектот во целост бил срушен за на негово место да се изгради нов. Црковниот одбор донел одлука изградбата на новиот објект да се врши со поддршка од селаните, така што секое семејство би било задолжено во просек да учествува со 200 евра годишно сè додека трае обновувањето. Планирано било новата црква да биде изградена на темелите на старата, со истите големини, а новина би била изградбата на купола со којашто би се подобрил изгледот на црквата и подобро би се осветлила внатрешноста.[5]

Remove ads

Галерија

Црквата пред рушењето во декември 2020 година

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads