Црква „Св. Јован Крстител“ - Небрегово

манастирска црква на Небреговскиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Јован Крстител“ - Небреговоmap
Remove ads

Свети Јован Крстител – манастирска црква на Небреговскиот манастир.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена во 1970 година по барање на селскиот црковен одбор на место каде што во минатото се наоѓала постара црква. Темелите на новоизградената црква биле осветени на 17 мај 1992 година.[2] На камбанаријата има ктиторски натпис од кој се забележува дека била изградена во 2014 година.

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Глсавниот влез се наоѓа на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над главниот влез има ниша со фреска на којашто е претставен Свети Јован Крстител. Внатрешноста на црквата е делумно зографисана, а иконостасот содржи икони во три реда.

Камбанаријата на црквата се наоѓа непосредно пред главниот влез на храмот. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Долниот во целост е застаклен, додека горниот дел е отворен и ограден со метална ограда. Од другата страна на црквата, непосредно до апсидата, се наоѓа археолошкото наоѓалиште Манастириште, каде што се среќаваат остатоци од ранохристијанска базилика.[3]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads