Црква „Св. Атанасиј“ - Градец

црква во селото Градец From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Градецmap
Remove ads

Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Градешкиот манастир во валандовското село Градец, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Thumb
Црквата во 1931 година

Црквата се наоѓа на едно ритче над селото, лево од регионалниот пат 1102 (Скопје-Гевгелија).

Историја

Изградена е кон крајот на средниот век, но во текот на своето постоење била неколкупати обновувана.

Црквата била опожарена во 2001 година, кога изгорела до темел.[2] Била обновена во нов стил во поново време.

Архитектура

Црквата е ниска градба. Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, чии сводови се покриени со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, потпрена на шест дрвени столбови.

Црквата е градена од обичен камен, во основата долга 14, а широка 8 метри.[3]

Фрескоживопис

Ѕидовите на црквата биле покриени со фрески, од кои денес се сочувани само остатоци.

Икони и иконостас

Иконите датираат од XIX век.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads