Црква „Св. Димитриј“ - Додулари

црква во Додулари, Солунско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Додулариmap
Remove ads

Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Додулари, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Свети Димитриј, Место ...

Црквата е типична трикорабна базилика во поствизантиски стил.[1] Изградена е во 1853 година според зачуваниот црковнословенски натпис од 1873 г.[1] Според истиот натпис, црквата станала егзархиска и во неа почнало да се пее на македонски на 11 септември 1873 г. Натписот гласи:

Обновисѧ ст храмъ сей въ лѣто 1853/10-вр 14. Напис. чрѣсъ уч. Т. П. П. И обрѣтохме нашъ матернїй ѩазыкъ въ лѣто 1873 септ. 11-й
Превод:

Овој свет храм се обнови на 14 октомври 1853 г. Се напиша преку учителот Т. П. П. [Тено Панајотов] И отпочнавме на наш мајчин јазик на 11 септември 1873 г.

И покрај строгоста и простотата на употребените материјали, храмот претставува еден од највпечатливите споменици на духовната архитектура во Солунско. Има нартекс и женска црква над него, дрвени икони, убав иконостас, фрески во апсидата, вредни насликани владички престол и амвон, како и икони на Димитриос Хаѕистаматис од погрченото солунско село Кулакија.[1] Во црквата има вкупно 90 вредни икони кои ги одразуваат ликовните тенденции на македонската црковна уметност во последниот период на османлиското владеење. Иконостасот и амвонот се изведени со исклучителен квалитет. Фреските се ретки за својот период, не придржувајќи се кон ниедна иконографска програма и очигледно изработени во различни периоди од различни месни творци. Невообичаено е тоа што се претставени околу седумдесет апостоли во горното подрачје на средишната патека.[2]

Црквата е прогласена за заштитен споменик на 4 февруари 1985 г.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads