Црква „Св. Никола“ - Вевчани
црква во селото Вевчани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (наречена уште и Горна црква) — главната црква во селото Вевчани, а воедно и парохиски храм на Вевчанската парохија.[1]
Remove ads
Историја
Изградбата или можеби обновата на оваа црква започнала во 1834 година. Градбата на црквата била завршена во 1864 година.[2]
Архитектура

Црквата претставува трикорабна базилика со олтар, лаѓа и балкон. Црквата е долга 18, а широка 12,5 метри.
Изградена е со рамен под, што во тоа време не било дозволено од османлиските власти. Црквата е градена од рачно делкан камен, а влезната врата е ѕидана со калај. Над неа, како и над другите отвори, во каменот се врежани библиски симболи. Каменот бил ваден од Мајдан, во планината над Вевчани, а бил носен со волови.[2]
Фрескоживопис

Зографисувањето е дело на Аврам Дичов, најстариот син на Дичо Зограф, а се работело во истовреме за да заврши во 1879 година. Црквата со импозантни димензии, градена со фантазија и богато зографисана, е еден од најубавите преродбенски споменици во Македонија.[2]
Иконостас
Иконите во црквата се изработени од Дичо Зограф од село Тресонче. Овој истакнат мијачки зограф во овој свет храм оставил вредни дела. Првата негова икона за црквата најверојатно е изработена во 1849 година. Од раката на Дичо се изработени и престолните икони во 1876 година, која што се смета и за година на осветување на црквата.[2]
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Гробови во дворот
- Помошна градба на црквата
- Влезната порта на црквата
- Помошен влез во црквата
- Помошен влез во црквата
- Фреска над влезот на црквата
- Икона од црквата
- Фреска во црквата
- Икона од црквата
- Икона од црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads