Црква „Св. Никола“ - Трсје
црква во Трсје, Леринско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (грчки: Aγίου Νικολάου) — црква во селото Трсје, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]

Изградбата на храмот ја покренал учителот Отец Герасим од Трсје, кој се вратил од Света Гора и ги организирал соселаните да изградат нова црква.[1][4][5] Изградена е од мајсори од Бел Камен. На плоча е напишан датумот 15 јули 1864 и името на главниот мајстор Константин Белкаменски.[1] Во архитектонски поглед градбата е трикорабна базилика во западномакедонски стил со дрвен покрив, трем од југ и нартекс и женска црква над него. Забележителен е разбаниот и насликан иконостас со 61 икона изработени од Адамче Најдов во XIX век, разбаниот амвон и двата резбани владички престола.[6] Десната страна на иконостасот со иконата на Архангел Махаил е платена од семејството Манговци-Поп Јованови.[1] Во храмот има зачувани икони од пред 1800 г.[1] Натписите во него се словенски, а Отец Герасим пеел на црковнословенски. По неговата смрт во 1889 г. отецот е погребан во храмот, до проскомидијата.[5] Внатре во црквата се зачувани седум царски икони од XIX век, 54 икони вградени во дрвениот иконостас и една икона од 1801 г. поставена на амвонот.[2]
Храмот имал убава камбанарија висока 15 м со два врежани портрета. Срушена е од леринскиот управник Цакцирас.[1]
Црквата е прогласена за споменик на културата во 1994 г.[6]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads