Црква „Св. Петка“ - Орехово

црква во Орехово, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Ореховоmap
Remove ads

Св. Петкацрква во битолското село Орехово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата е изградена во 1861 година, како што може да се прочита на ктиторскиот натпис.[1] Храмот е обновен по Првата светска војна со средства на ореовци иселени во странство. Во 1926 г. е изградена камбанаријата северозападно од црквата. Храмот повторно е обновен во 2000 г.[2]

Архитектура

Храмот претставува трикорабна градба со седумстрана апсида на исток и приграден трем од север. Влезот во наосот е од северната страна, а од истата страна има и влез во припратата. Од јужната страна има врата низ која верниците оделе на гробиштата. Внатрешноста на црквата е поделена на три кораба со два реда од по пет столба. Целата внатрешност на наосот е насликана со добар живопис. Над северниот влез од внатрешната страна има долг зографски натпис на кој се споменува Константин Зограф од населичкото село Селица и годината 1861. Овие негови фрески се меѓу најдобрите во Битолско и пошироката околина од средината на XIX век. Богатата програма е исполнета врз ѕидовите со големо внимание и врз основа на добри богословски познавања. Во првото подрачје се одделни светци претставени во полн раст или допојасно. Во погорните подрачја се сцените од Стариот и Новиот завет, животот, чудата и страданијата на Исус Христос и фрески вдахновени од Богородичниот Акатист.[3]

Во храмот, освен иконите од средината на XIX век, има и мала но вредна збирка икони од втората четвртина на XVII век. Исклучително вредни се и царските двери. На нивното северно крило има црковнословенски натпис кој точно ги датира во 1642 г. ова крило подоцна е пренесено во црквата „Св. Димитриј“ во Битола. Во 2011 г. во западниот на иконостасот Ристо Палигора го открил и јужното крило.[1] Ова јужно крило се чува во црквата.[4] Натписот гласи:

Помені Г[оспод]и ереіа попу Петк[о] и настоінико, и Ангел и в[с]е сесабору ΖΡΗ[4]

Иконите од XVII век и царските двери веројатно се дело на мајстори од Линотопската школа.[5]

Remove ads

Слики

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads