Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Сарамзалино
црква во селото Сарамзалино From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Сарамзалино. Црквата се наоѓа на влезот од селото, непосредно од десната страна на патот кој води од селото Лозово.
Remove ads
Историја
Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 14 јануари 2007 година од страна на митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион.[1]
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм, при што куполата има осумаголна основа и на секоја од страните има по една монофора. Монофори има и на ѕидовите од црквата. Влезната врата е на западната страна, а над неа има полукружна фреска на Богородица со Исус. Црквата е градена од камен и е покриена со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со лимен кров. Камбанаријата претставува правоаголна рамка во којашто се наоѓа ѕвоното и се издига од кровот над влезната врата. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и метални прегради.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads