Сарамзалино

село во Општина Лозово From Wikipedia, the free encyclopedia

Сарамзалиноmap
Remove ads

Сарамзалино — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.

Кратки факти
Thumb
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Сарамзалино
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Овче Поле, на 3,5 километри источно од Лозово, 15,5 километри југозападно од Свети Николе и 25 километри северозападно од Штип.

Историја

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 180 Македонци.[2] Според Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 104 Македонци христијани.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[3]

На пописот од 2002 година, селото имало 118 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 116
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
останати 0

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сарамзалино има 86 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 84
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 2

Родови

Сарамзалино е македонско село.

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото

  • Доселеници: Андоновци (3 к.), Китановци (1 к.), Темелковци (1 к.) и Теофци (1 к.) стари доселеници со непознато потекло; Науновци (3 к.) доселени се однекаде во втората половина на XIX век; Шалварковци (3 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Делисинци; Топаловци (3 к.) доселени се во 1890 година од селото Ќоселери. Таму изгледа биле староседелци; Зафировци (2 к.) доселени се во 1908 година од селото Кадрифаково. Таму биле доселени однекаде; Петревци (3 к.) доселени се околу 1918 година од селото Делисинци. И таму биле доселени однекаде; Златкови (1 к.) доселени се во 1943 година од селото Богословец. Таму биле староседелци; Спиридоновци (1 к.) доселени се во 1946 година од Кратовско.[5]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1704 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 75 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости

Цркви
Археолошки наоѓалишта
  • Мера — некропола од средниот век

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads