Чапја лажичарка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чапја лажичарка
Remove ads

Чапјата лажичарка или обична лажичарка (науч. Platalea leucorodia) е птица од потсемејството на лажичарките во рамките на семејството ибиси и лажичарки. Овој вид го има во Македонија.

Кратки факти Чапја лажичарка, Заштитен статус ...
Thumb
Platalea leucorodia
Remove ads

Опис

Лажичарката достигнува должина до 1 м и тежина од околу 1-1,2 кг. Распонот на крилјата е 115-135 см. Бојата на птицата е бела, а нозете и клунот се црни. На врвот од клунот има една жолта точка. Во сезоната на парење мажјакот има бела пувка на главата. Претежно се тивки, речиси неми, комуницираат повеќе со штракање со клунот, но сепак испуштаат и некакви звуци.

Распространетост

Гнезди во Јужна Европа, поретко во Западна Европа, а исто и во Азија и Северна Африка. Европските лажичарки презимуваат во Централна и Источна Африка, а азиските во Индија и Кина.

Начин на живеење и исхрана

Живее во влажни региони, во колонии од 6 до 160 птици. Претполага мали слатководни или соленоводни басени или бавнотечни реки.

Се храни со мали риби и жаби, ларви на инсекти, црви, ракови, а понекогаш и со водни растенија.

Размножување

Лажичарките гнездат во трската, на дрвјата, но и на гнезда поставени ниско над водата. Обично снесуваат 3 до 6 јајца, кои се излежуваат од двата родитела во тек на 21-25 деноноќија.

Пилињата се одгледуваат и прехрануваат и од двата родитела. Најпрво поседуваат дебел и мек клун кој се претвора во карактеристичен за овој вид дури по 5-6 недели. Започнуваат со летање околу 49 дена по испилувањето.

Remove ads

Систематика

Истражувањата на митохондриската ДНК на лажичарките укажуваат на тоа дека чапјата лажичарка е сестрински таксон на клада која ги содржи црноклунестата лажичарка и малата лажичарка.[2]

Чапјата лажичарка има три подвидови:

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads