Чернак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чернак (грчки: Αρετή, Арети; до 1927 г. Τσερνίκ, Церник[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 112 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри источно од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 445 метри.
Историја
Во XIX век Чернак е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 90 жители Турци[3][4].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 85 жители, додека на пописот од 1920 година селото не се споменува.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Арети.[6]
Remove ads
Население
Во 1928 година селото броело 97 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 297 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 354 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 428 жители, во 1971 година имало 310 жители, во 1981 година имало 229 жители, додека во 1991 година имало 233 жители[8]. Денеска, населението на селото е 239 жители според пописот од 2001 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads