From Wikipedia, the free encyclopedia
Антраксот е сериозно заболување предизвикано од бактеријата која формира спори – Bacillus anthracis. Иако антраксот претежно ја афектира само домашната стока и дивите животни, луѓето можат да се инфицираат преку директен и индиректен контакт со заразените животни. Генерално, антраксот не се пренесува од човек на човек, но во ретки случаи, кожните лезии што ги предизвикува оваа бактерија можат да ја пренесат заразата. Најчесто, антраксната бактерија навлегува во телото преку рана на кожата. Исто така, човекот може да се зарази преку консумирање на контаминирано месо или со вдишување на спорите од антраксот. Знаците и симптоми, во зависност од начинот на заразување, може да варираат од кожни рани, па сè до гадење, повраќање и системски шок.
Антракс | |
---|---|
Фотомикрографија на Грамова обојување на бактеријата Bacillus anthracis која предизвикува антракс | |
Специјалност | Заразна болест, Ветерина |
Постојат три типови на антракс, и секој од нив има различни знаци и симптоми. Во повеќето случаи, симптомите се развиваат во рок од 7 дена по експозицијата на оваа бактерија.
Оваа форма на антракс се јавува кога спорите навлегуваат во телото преку исекотина или преку други рани на кожата. Ова е најчестата форма на антракс, но и најблагата. Со соодветен третман, кутаниот антракс ретко е фатален. Знаците и симптомите на кутаната форма вклучуваат:
Оваа форма се јавува при консумирање на недоволно зготвено месо, кое потекнува од заразено животно. Знаци и симптомите вклучуваат:
Оваа форма се јавува при вдишување на спорите од антракс. Од сите форми, и покрај третманот, оваа е најтешка и скоро секогаш е фатална. Знаците и симптомите вклучуваат:
Ако овие симптоми прогредираат, може да се појави:
Антраксните спори се формираат кога бактеријата се наоѓа во почвата во повеќето делови од светот. Овие спори остануваат непроменети дури и до 60 години, сè додека не бидат внесени во домаќин – најчесто тоа се дивите и домашните животни, како што се овците, говедата, коњите, козите и камилите.
За човекот да се зарази со антракс, потребен е директен контакт со спорите на антраксот. Ова почесто се случува кај:
Најсериозната компликација на антраксот е фаталното воспаление на мозочните обвивки и ликоворот, кој ги покриваат мозокот и 'рбетниот мозок, кое води до масивно крварење хеморагичен менингитис.
Пред се, лекарот треба да го исклучи постоењето на заболувањата со слични симптоми, како што се грипот или пневмонија. Откако ќе се направи тоа, се вршат понатамошни тестови за дијагноза на антракс, како што се:
Стандардниот третман за антракс претставува 60-дневен антибиотски третман, со ципрофлоксацин или доксициклин. Дали единечната или комбинираната терапија ќе се користи, зависи од типот на антракс кој постои кај заболеното лице, како и од останатите здравствени фактори.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.