Добиток

домашни животни во селското стопанство From Wikipedia, the free encyclopedia

Добиток
Remove ads

Добиток или стокаприпитомени животни кои се одгледуваат поради нивната работна сила или добиените производи како месо, јајца, млеко, крзно, кожа и волна. Во Македонија, покрај четириножните животни, под „добиток“ официјално се водат и пчелите и живината,[1] иако се сметаат за одделни во секојдневната употреба.

Thumb
Говеда на испаша во Германија.

Одгледувањето, одгојот и исползувањето на животните се нарекува сточарство и се практикува во секое општество кое го направило преодот од ловот и собирањето кон земјоделството. Иако може да се разликува зависно од културата и историскиот период, сточарството и денес игра важна улога во стопанскиот и културниот живот на многу народи.

Во понови времиња сточарството добило масовен (фабрички) карактер за да ги задоволи потребите на многубројното население во денешниот свет, но затоа неповолно се одразува врз благосостојбата на животните, животната средина и јавното здравје.[2]

Remove ads

Историја

Чувањето на животни во денешна смисла започнало со појавувањето на трајни населби меѓу првобитните заедници. Иако номандските народи се познати по терање стока заедно со нив, вистинското одгледување започнало дури откако човекот почнал да ја чува стоката во контролирани услови. Овие услови на живот и намерното одбирање на единки извршило темелно влијание врз животниот циклус, физиологијата и поведението на животните. Така, највеќето домашни животни денес не се способни да живеат во дивина.

Едно од првите припитомени животни е кучето, кое станало домашно животно во Европа и Далечниот Исток уште пред 15.000 години.[3] Иако самото не се смета за стока, тоа одиграло битна улога како помагач во понатамошниот развој на сточарството. Козите и овците за првпат се прититомени во Југозападна Азија некаде пред 11.000 до 5.000 години.[4] Свињата е одомаќинета околу 8.500 години п.н.е. на Блискиот Исток[5] и околу 6000 п.н.е. во Кина.[6] Коњот е припитомен 4.000 години п.н.е.[7] Говедата се домашни животни веќе 10.500 години,[8] додека пак кокошката и другата живина станала дел од домаќинствата во 7.000 години п.н.е.[9]

Remove ads

Видови добиток

Добитокот или стоката во поширока смисла се однесува на секој вид или сорта на животно ко човекот го чува за своја издршка, продажба или добивање на производи. Тука се опфатени не само домашните животни, туку и полудомашни или оние кои се диви (неприпитомени), но се одгледуваат во заробеништво за стопански потреби. Некои од полудомашните (полуприпитомените) животни се во тек на припитомување. Следува список на животни кои се чуваат како добиток во разни краишта на светот, заедно со нивните диви предци и нивната корисносност за човекот.

Повеќе информации Животно, Припитоменост ...
Remove ads

Сточарство

Thumb
Коза со младо јаре.
Thumb
Место за опрасување во природна пештера, северна Шпанија.

Традиционално, чувањето на стока имало за цел да ги задоволи сопствените потреби на поединечните домаќинства: прехрана, гориво, ѓубриво, облека, превоз и влеча. Одгледувањето за месо не било на прво место, бидејќи стопанот гледал да извлече што повеќе додека животното е уште живо — често во облик на волна, јајца, млеко и млечни производи.[10] Добитокот се терал на сезонска испаша, со одредени места со летни на зимски пасишта; во планинските предели, летното пасиште е горе на планините, каде сточарот имал и бачило; зимското пак, е во ниските предели како котлините.[11]

Во денешно време сточарството може да се одвива збиено (интензивно) и разбиено. Разбиеното сточарство се практикува на широки предели каде стоката може да се движи слободно, под надзор на сточарот, кој ја штити од грабливци. Ваков пример се познатите ранчови на Западот на САД,[12] во Јужна Америка, Австралија и други краишта со широки пространства и малку врнежи. Ваквиот систем се користи и во одгледувањето на овци, елени, ноеви, емуа, лами и алпаки.[13] Во другите краишта, животните се тераат на повисоки места кога е потопло, а се внесуваат во штали и кледови преку зимата, каде се потхрануваат со подговтена крма.[14]

Во мошне диви услови во Африка, домашните животни како свињите и живината се пуштаат да се храни сосема самостојно.[10] Во друга крајност, во развиениот свет постојат индустриски капацитети каде стоката се чува на затворено во голема бројност, а фуражата се принесува во хранилишта.[15] Свињите во ваквите места се чуваат во пространи кочини со регулирана температура и не излегуваат надвор;[16] живината се држи во кафези од многу кокошки со вештачко осветлување. Поединечните фарми на ситните и средните стопанственици се занимаваат со полуинтензивно сточарство, каде добитокот е надвор голем дел од годината, а силажата се принесува само за време на студ и суша.[17]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads