Француски тенисер From Wikipedia, the free encyclopedia
Беноа Пер (роден 8 мај 1989) е француски професионален тенисер. Негово највисоко место на АТП листата е 24-то место кое го постигнал на 12 август 2013 година.[1]
Беноа Пер на Вимблдон 2013 | |
Земја | Франција |
---|---|
Место на живеење | Авињон, Франција |
Роден на | 8 мај 1989 |
Роден во | Авињон, Франција |
Спорт | Тенис |
Висина | м | 1,98
Професионалец | 2007 |
Игра со | • десна рака • дворак бекхенд |
Заработка | $1,832,652 |
Победи-порази | 65–71 |
Титули | 0 |
Највисок пласман | Бр. 24 (12 август 2013) |
Сегашен пласман | Бр. 28 (6 јануари 2014) |
Австралијан Опен | 2R (2011) |
Ролан Гарос | 3R (2013) |
Вимблдон | 3R (2012, 2013) |
УС Опен | 2R (2010, 2012) |
Победи-порази | 14–35 |
Титули | 1 |
Највисок пласман | Бр. 84 (5 август 2013) |
Сегашен пласман | Бр. 121 (6 јануари 2014) |
Австралијан Опен | QF (2013) |
Ролан Гарос | 1R (2009, 2010, 2011, 2012) |
Вимблдон | 1R (2012) |
УС Опен | 2R (2012) |
Ажурирано на: 10 јануари 2014. |
Пер ја започнал својата професионална кариера играјќи на фјучерс турнири во Франција, и во својата прва сезона тој успеал да освои една фјучерс титула.
Во 2008, Пер продолжил да игра главно на фјучерс турнири, но исто така тој забележал и настапи на турнири од повисоко ниво, загубувајќи во квалификациите на турнирите во Марсеј и Лион кои се дел од АТП 250 Серијата. Пер успеал да добие вајлд карта за настап на својот прв Гренд слем турнир, на Ролан Гарос, но доживеал пораз уште во првото квалификациско коло.
Во 2009, Пер бил дел од повеќе челинџер турнири, но сепак бил многу поуспешен на фјучерс турнирите, освојувајќи една титула во четири финалиња во период од три месеци. Французинот повторно добил вајлд карта за учество во квалификациите на Ролан Гарос, и овојпат успеал да стигне до третото и последно квалификациско коло во кое бил поразен од италијанецот Фабио Фоњини.
Пер ја започнал 2010 со победа на фјучерс турнирот во Плентејшон, Флорида. Два месеци подоцна, во период од три недели, тој успеал да освои две фјучерс титули во Португалија. Последна проверка за Пер пред вториот Гренд слем, бил челинџер турнирот во Бордо, каде тој стигнал до четвртфиналето во кое бил поразен од Микаел Лодра. На Ролан Гарос, Пер конечно успеал да ги помине квалификациите на еден Гренд слем и се пласирал во првото коло, во кое и покрај тоа што го добил првиот сет, сепак бил поразен од Оливие Рохус. Еден месец подоцна, французинот за првпат заиграл на Вимблдон, но завршил неславно со пораз уште во првото квалификациско коло.
Следен турнир за Пер бил челинчер турнирот во Арад каде тој за првпат стигнал до финалето на еден челинџер турнир, но сепак не успеал да ја освои титулата и бил поразен од својот сонародник Давид Гуез во три сета. За неполни два месеца, Пер повторно заиграл финале на челинџер турнир, овојпат во Сан Себастијан, но повторно бил поразен, овојпат од шпанецот Алберт Рамос. Следен турнир за Беноа бил последниот Гренд слем во годината, Отвореното првенство на САД, каде тој успешно ги поминал квалификациите и во првото коло забележал тешка победа над германецот Рајнер Шутлер, со што за првпат во својата кариера заиграл во второ коло на еден Гренд слем турнир. Сепак во второто коло, тој бил поразен од Фелисијано Лопес во пет сета.
Кон крајот на годината, Пер добил вајлд карта за турнирот во Монпелје, и во првото коло загубил од Џон Иснер. Една недела подоцна, Пер успешно ги поминал квалификациите на турнирот во Валенсија, но сепак во првото коло бил поразен од Марсел Гранољерс. Пер годината ја завршил на 152-то место на АТП листата со пораз во првото квалификациско коло на Мастерсот во Париз од украинецот Иљја Марченко.
Новата сезона Беноа ја започнал со првиот Гренд слем во годината, Отвореното првенство на Австралија каде со помош на вајлд карта бил дел од главниот ждреб. Тој во првото коло бил подобар од Флавио Ципола, но во второто коло бил поразен од 17-от носител, Иван Љубичиќ во четири сета. Еден месец подоцна, на турнирот во Ротердам, Пер повторно доживеал пораз од Љубичиќ во второто коло, откако претходно во првото коло забележал победа над Жил Симон.
Кон крајот на март, Пер успеал да стигне до своето трето челинџер финале во кариерата, во Сен Брие, но повторно не успеал да ја освои титулата и бил поразен од својот сонародник Максим Теишеира. Две недели подоцна, Пер успешно ги поминал квалификациите на Отвореното првенство на Барселона и се пласирал во главниот ждреб. Тој во првото коло бил подобар од шпанецот Пабло Карењо Буста, но во второто коло бил поразен од Алберт Монтањес.
Пер, со помош на вајлд карта бил повторно дел од главниот ждреб на Ролан Гарос, но турнирот го завршил уште во првото коло по поразот од Виктор Ханеску. На Вимблдон, Пер бил елиминиран уште во првото коло од седмиот носител, Давид Ферер.
Во средината на јули, Пер го потврдил учеството на турнирот во Штутгарт, и во првото коло бил подобар од квалификантот Евгениј Донској, за во второто коло да биде поразен од Марсел Гранољерс. Во следниот период, Пер играл главно на челинџер турнири и на двапати успеал да дојде до полуфиналето. На последниот Гренд слем во годината, на Отвореното првенство на САД, Пер бил разочарувачки поразен уште во првото квалификациско коло. Слабиот настап во Њујорк, Пер го засенил со освојувањето на својата прва челинџер титула, во Брашов, каде во финалето успеал да му се одмазди на сонародникот Максим Теишеира.
Кон крајот на сезоната, Беноа се појавил на Мастерсот во Париз, и во првото квалификациско коло забележал победа над Денис Истомин, а во второто коло бил поразен од Сантјаго Гиралдо. Беноа сезоната ја завршил со победата над Грега Жемља во финалето на челинџер турнирот во Салцбург, со што дошол до својата втора челинџер титула во кариерата. Тој годината ја завршил на 95-то место на АТП листата.
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Финалист | 1. | 6 мај 2012 | Белград, Србија | Земја | Андреас Сепи | 3–6, 2–6 |
Финалист | 2. | 10 февруари 2013 | Монпелје, Франција | Тврда | Ришар Гаске | 2–6, 3–6 |
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Победник | 1. | 6 јануари 2013 | Ченај, Индија | Тврда | Станислас Вавринка | Андре Бегеман Мартин Емрих |
6–2, 6–1 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.