From Wikipedia, the free encyclopedia
Луња[1] или бура[2] — секоја нарушена состојба на животната средина или атмосфера на астрономско тело, особено што влијае на нејзината површина и подразбира невреме. Може да биде обележанa со значителни нарушувања на нормалните услови како што се силен ветер, град, обилни врнежи (снег, дожд), силни ветрови (тропски циклон) или ветар што носи некоја материја низ атмосферата како снежна бура, ледена бура и песочна бура.
Невремето се создава, кога нискиот притисок владее, со висок притисок околу него. Ова е формација на непријателски природни сили, што создаваат разни ветрови, бури, тешки снегови, тешки дождови и слично.
Сонцето нерамномерно ја затоплува Земјата. Близу до екваторот, тоа силно грее и го загрева воздухот и океаните. Така, една голема воздушна маса полна со водена пареа се крева високо во небото. На Северниот и Јужниот Пол сончевите зраци се послаби. Таму се создава сува студена воздушна маса. Разликите во температурата и ротирањето на Земјата предизвикуваат постојано движење на воздушните маси. Топлиот воздух од екваторот се движи во северен и јужен правец, а студениот воздух се движи од половите кон екваторот.
Имаме повеќе вида на невремиња.
Ледените бури се едни од најпознатите облици на зимското невреме. Температурите се под 0° и е под смрзнувачко на телесната покривка на земјата.
Снежната бура се означува кога паѓа снег со така брзина од 5 цантиметри на час.
Оваа бура се означува кога на океаните дува ветер повеќе од 90 километри на час (км/ч).
Торнадото е силен ветер што едноставно од облаците се прикачува на земјата со ротација. Најчесто изгледа темно, со форма на циклон. Торнадото е најзастапено во САД (Tornado Alley)
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.