From Wikipedia, the free encyclopedia
Мистериските религии, светите тајни или едноставно мистериите, биле верски школи во грчко-римскиот свет чие учество било резервирано само за иницираните (мисти).[1] Главната одлика на оваа религија била тајноста поврзана со иницирањето и ритуалната практика, која не смеела да биле откриена на останатите кои не биле воведени во мистеријата. Повеќето познати мистерии на грчко-римската антика биле Елевсинските мистерии, кои биле многу древни и датирале уште пред Мрачниот век. Мистичните школи имале свој процут во доцната антика. Јулијан Отстапник во средината на 4 век бил инициран во три различни мистични школи — особено митраистичката. Поради тајната природа на школата, и затоа што тајните религии на доцната антика биле прогонувани од страна на христијанската Римско Царство од 4 век[2], деталите од овие религиозни практики биле добиени од описи, слики и интеркултурни студии.
Јустин Маченик во 2-иот век,во делото Прво извинување експлицитно наведува и ги идентификува како "демонски имитации" на вистинската вера велејќи дека "ѓаволи, во имитација на тоа што го кажал Мојсеј, тврдат дека Персефона е ќерка на Јупитер, и поттикнуваат луѓе да стават нејзина слика под името Коре"[3]. Според мислењето на Клаук и Мекнил, "христијанската доктрина на светите тајни, во формата која ние ја знаеме, не би се јавила без интеракција со мистичните школи, а христологијата сфатила како да „го преземе" митско наследство, да го прочисти и да го подигне".[4]
Терминот "мистерија" потекнува од латинскиот збор mysterium (на грчки mysterion и најчесто како множина mysteria/μυστήρια) и во овој контекст значи "таен ритуал или доктрина". Тие кои следеле таква "мистерија", бил мисти, односно, "воведени во тајната". Освен мистерија, терминологијата блиска за опис на овие учења е составена од поимите мајен, миеза или иницијација. Зборот мајен (myein)[5] е старогрчки глагол кој означува затворање на очите и устата[6] бидејќи само на иницираните им било дозволено да ги почитуваат и да учествуваат во обредите. Мистериите така биле школи во кои сите верски функции биле затворени за неиницираните а внатрешното работење на училиштето се чувало во тајност од јавноста.
Мистичните религии формирале еден од трите вида хеленистичка религија, каде другите две се култот на владетелот, односно етничката религија специфична за една нација или држава, и филозофските религии како неоплатонизмот.
Ова, исто така, се одразува и во тројната поделба на "теологијата" од страна на Варо, на:
Мистериите така повеќе се додаток отколку натпревар на политичката религија. Едно лице може да следи обреди на државната религија, да биде воведен во една или повеќе мистерии и во исто време да се придржува до одредена филозофска школа.[7] За разлика од јавните ритуали на граѓанската религија, каде се очекувало да учествува секој член на општеството, воведувањето во мистеријата било факултативно во грчко-римскиот политеизам. Многу од аспектите на јавната религија како жртвувањето, ритуалните гозби и обредното прочистување биле повторени во мистеријата, но со дополнителен услов да се одвиваат во тајност и да се ограничени на затворен круг припадници[4].
Тајните школи биле катче за зачувување на античките верски обреди и со причина се претпоставува дека биле многу конзервативни. Елевсинските мистерии опстојувале повеќе од еден милениум, можеби и два, во текот на кој период ритуалот на јавната религија значително се променил, додека обредните изведби на мистериите останале непроменети. Ернест Вилијам Барнс пишува, "Мистериите на Елефсина во близина на Атина, траеле илјада години; и се верува дека многу малку биле променети во текот на овој долг период".[2]
Заради оваа причина, тоа што останало од постарите грчки мистерии се сфаќа како одраз на одредени архаични аспекти на заедничката индоевропска религија, во паралела со индоиранската религија. Мистичните школи на грчко-римската антика ги вклучуваат Елевсинските мистерии, Дионизиските мистерии и Орфичките мистерии. Некои од многуте божества кои Римјаните номинално ги усвоиле од други култури, исто така, биле обожавани во мистериите, на пример, египетската Изида, персиската Митра од Митраиските мистерии, трако-фригискиот Сабазиј и фригиската Кибела.[8]
Старите мистични школи биле предмет на воодушевување во 19-от и почетокот на 20-от век, и кај германските и француските класици. Оваа литература имала огромно влијание врз европската култура во доцниот 19 век. Психијатарот и психоаналитичар Карл Густав Јунг, оттука позајмил метафори и ги вметнал во неговите теории и влијателното движење засновано на нив.[9][10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.