Кантонски јазик (广州话 / 廣州話, мктр. гуангџоу хуа = „гуангџоуански јазик“) — јазик со потекло од околината на градот Гуангџоу (Кантон) на југот на Кина и се смета за престижно наречје на јазикот јуе.

Кратки факти Кантонски, Застапен во ...
Кантонски
廣州話 / 广州话
Gwóng jāu wá / Gwong2 zau1 waa6
Thumb
Gwóng jāu wá / Gwong2 zau1 waa6 (Кантонски) напишано традиционално (лево) и упростено (десно)
Застапен воКина (Гуангдунг и Гуангси), Хонгконг и Макао, дијаспората
Подрачјеградот Гуангџоу и околната делта на Бисерната Река, западен Гуангдунг, источен Гуангси
Говорници(н.п.)
Јазично семејство
синотибетско
Дијалекти
Гуангџоу
сигуански
хонгкошнки
Писмопишан кантонски
пишан кинески
кантонска Брајова азбука
Статус
Службен во Хонгконг
 Макао
Регулативен орган
  • Одделение за службен јазик[1](Хонгконг)
  • Одделение за јазични работи (Макао)
Јазични кодови
ISO 639-3
ISO 639-6yyef (Yue F)
guzh (Guangzhou)
Linguasphere79-AAA-ma
Затвори
Thumb
Наречјата пинг и јуе во Гуангси и Гуангдунг[2]
     гуејбеј (С пинг)      гоулоу
     гуејнан (Ј пинг)      гуангфу
     сеји
     јунгсин      гаојанг
     ќинљен      вухуа

Во континентална Кина, кантонскиот е лингва франка во покраината Гуангдунг и некои околни подрачја како источниот дел на покраината Гуангси. Покрај овие подрачја, јазикот е главен јазик во секојдневниот живот во Хонгконг и Макао. Кантонскиот е мошне застапен во кинеската дијаспора во југоисточна Азија (како Сингапур и Божиќниот Остров), САД, Канада, Бразил, Перу, Куба, Панама, Австралија и Нов Зеланд, како и извесни делови од Европа, па така претставува најговорен кинески јазик по мандаринскиот.

Поимот „кантонски“ се однесува на престижното наречје на Кантон, но честопати се употребува и во поширока смисла, за целата група јуе, вклучувајќи ги блиските наречја како тајшанското.

Јазикот се смета за дел од културниот индентитет на неговите говорници во поголеми подрачја на јужна Кина, Хонгконг и Макао. Иако дели многу зборови со мандаринскиот, овие два јазика не се заемно разбирливи, претежно поради изговорот и граматичките разлики, како и употреба на историски утврдени зборови во кантонскиот. Најзабележлива е разликата во пишувањето, кое изгледа исто, но се изговара прилично различно.[3][4]

Културна улога

Говорниот кантонски има разни регионални и локални наречја, а доста од нив се заемно неразбирливи. Највеќето ретко се среќаваат вон матичните подрачја, но некои од нив се говорат и во странство. Почнувајќи од 1909 г, главен јазик ширум сета Кина е мандаринскиот, кој се употребува образованието, медиумите и службеното општење,[5] но постојат неколку телевизии и радиостаници на кантонски јазик. Иако бројот на луѓе што го говорат кантонскиот јазик е релативно мал, тој е сепак несразмерно повеќе застапен по светот, што се должи претежно на големата стапка на иселување на жителите од тие краишта.

Кантонскиот е главен говорен јазик во Хонгконг и Макао. Покрај тоа, застапен е и во политичкиот живот, па со тоа и едиствениот немандарински јазик о земјата со ваква важна улога. Ова е воедно и најзастапениот облик на кинескиот јазик што се среќава во западните земји.

Јазикот има своја варијанта на поп-музика наречен „кантопоп“. Во Хонгконг претежно се слуша музика на кантонски јазик, па затоа многу музичари од остатокот од Кина и Тајван го учат јазикот и снимаат кантонски верзии на нивните песни.[6]

Особености

Кантонскиот е тонски јазик. Има најразвиена книжевност по класичниот кинески и мандаринскиот. Бидејќи се користи претежно во Хонгконг и во дијаспората, правописот е традиционален, со извесен број на дополнителни знаци што не се присутни во стандардниот мандарински.

Романизација

Романизацијата на кантонскиот се води по нагласокот во Гуангдунг и Хонгконг, и одиграла улога во утврдувањето на стандардниот кантонски јазик. Најважни системи се Бернет–Чао, Мејер–Вемпе, владината „романизација на гуангдуншкиот“, Јејл и јитпинг. Најзастапени од нив на светско ниво се последните две.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.