холандски друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Кени Роберт ван Хумел (холандски: Kenny Robert van Hummel; р. 26 септември 1982 во Елден, Гелдерланд) — поранешен холандски професионален друмски велосипедист, специјализиран за спринтерски завршници, кој возел во периодот од 2006 до 2014 година. Завршил во професионалната континетална екипа ГВ Шимано-Сидермек,[1] и живее во Дрил, пред тоа преселувајќи се од Елден.[2][3] Се повлекол од велосипедизмот во ноември 2014 година.[4]
Ван Хумел на Енеко Тур 2008. | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Кени Роберт ван Хумел |
Прекар | Камиказа Кени |
Роден | 30 септември 1982 Елден, Холандија |
Висина | 1,76 м |
Маса | 64 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | пензиониран |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | спринтер |
Аматерски клубови | |
2002–2003 2004 2005 | Рабобанк ТТ3 Ван Хемерт-Јурогифтс Eurogifts.com |
Професионални клубови | |
2006–2011 2012–2013 2014 | Скил-Шимано Вакансолел-ДКМ Андрони Џокатоли-Венецуела |
Ван Хумел започнал со велосипедски трки на седумгодишна возраст и една година подоцна станал член на велосипедскиот клуб „Де Аделар“ во Апелдорн. Имал успешна младинска кариера и во 1998 се придружил на младионскиот клуб Рабобанк. Започнал со друмски и велодромски трки. Во 2000, неговата втора година како јуниор, завршил четврти на Светското велодромско првенство за младинци.
Во 2004, Ван Хумел ја променил екипата за Ван Хемерт-Јурогифтс. Ван Хумел го освоил спринтот на ЗЛМ Тур и станал втор во државното првенство за еспоарс. Една година подоцна, Ван Хумел го освоил холандското друмско првенство за велосипедисти без професионален договор и победил на пет критериума.
Во 2006, Ван Хумел станал професионален велосипедист за Скил-Шимано. Таа година стигнал на подиумот на етапите од Трката околу Белгија и Енеко Тур и ја освоил Трката околу Северна Холандија, која завршила со спринт.
2009 била успешна година за Ван Хумел, особено месец мај. Освоил пет трки, Профронде ван Фрислан, Венделан-Венделан, Тур де Рајк и етапа на Четири дена Динкерк и потврдил дека може да победи во спринтови како професионалец. Станал водач во Европската турнеја на UCI 2008-2009.[5] На националното друмско првенство, Ван Хумел се натпреварувал цел ден за победи. Кос Муренхаут побегнал на крајот, но Ван Хумел завршил втор со освојување на спринтот.[6]
Ван Хумел бил избран да се придружи на Тур де Франс 2009, откако неговата екипа Скил-Шимано добила покана. Ван Хумел бил првиот, кој заминал на хронометар во првата етапа и го завршил хронометарот со второ најлошо време. По шестата етапа, Ван Хумел бил на последното место. Во наредните планински етапи, Ван Хумел не можел да се одржува со другите велосипедисти и завршувал меѓу последните велосипедисти секој ден, понекогаш возел десетици километри сам, со големо задоцнување за другите велосипедисти. Неговите потешкотии биле зголемени од фактот дека неговата екипа не можела да му посвети поддршка (како што вообичаено се прави за другите спринтери, како Марк Кевендиш), како што не можеле да си го дозволат ризикот, двајца возачи да бидат дисквалификувани. Неговата дневна борба против временската граница и неговиот позитивен став го направиле популарен велосипедист во Холандија. На 17. етапа паднал и ја напуштил трката поради неговите повреди.
По планинските етапи, францускиот весник L'Équipe го именувал Ван Хумел „најлош искачувач некогаш“ на Тур де Франс. Весникот вели дека не се случило претходно, истиот велосипедист да заврши последен на секоја планинска етапа.[7] Тоа што тие не го рекле, дека некои други возачи не ни завршиле во текот на Трката, поради тешките планински етапи.
Ван Хумел се придружил на Вакансолел-ДКМ за сезоната 2012, потпишувајќи двегодишен договор.[8]
Ван Хумел се приклучил на Андрони Џокатоли-Венецуела за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Вакансолел-ДКМ[9], се распаднал на крајот на сезоната 2013.[1]
СО = се откажал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.