македонски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Мартин Богатинов (р. 26 април 1986 во Кратово) — македонски фудбалер кој игра за Карпати Лавов[1][2] во украинското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.[3] Игра на позицијата голман.
Лични информации | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Мартин Богатинов | ||
Висина | м | 1,89||
Положба | Голман | ||
Клупски информации | |||
Тековен клуб | Карпати Лавов | ||
Број | 32 | ||
Возрасна кариера* | |||
Години | Екипа | Наст. (Гол.) | |
2005-2007 2007–2008 2007 ( позајмица ) 2008–2009 2009-2011 2011- |
Силекс Вардар Цементарница Тетекс Работнички Карпати Лавов |
33 (0) 2 (0) 12 (0) 24 (0) 24 (0) 20 (0) | |
Меѓународна кариера‡ | |||
2007- | Македонија | 9 (0) | |
*Клупски домашни лигашки настапи и голови, точно согласно 13 јуни 2012 ‡ Репрезентативни настапи и голови, точно согласно 13 јуни 2012 |
Фудбалската кариера ја започнал во 2005 година во клубот Силекс од Кратово. Во 2007 година се преселил во редовите на Вардар, но наскоро бил позајмен на клубот Цементарница. За шест месеци колку што бил во Цементарница тој одиграл 12 натпревари. По враќањето во Вардар, тој одиграл само два натпревари за клубот, па така во 2008 година потпишал со Тетекс од Тетово.
Во летото 2009, тој се преселил во Работнички од Скопје. На 23 јули 2009 година тој дебитирал во европските купови, со победата од 4-2 на Работнички над Крусадерс од Северна Ирска. Во 2010, Мартин Богатинов бил прогласен за најдобар играч во Македонското првенство.[4]
Во јануари 2011 година било објавено дека Богатинов ќе потпише договор со украинскиот Карпати Лавов, иако за него претендирале и клубови од Азербејџан и од Русија. На 23 јануари 2011 година бил потврден неговиот трансфер во Карпати Лавов.[5] Неговиот трансфер чинел 150.000 евра. Првиот деби натпревар за "Карпати" од Лавов, го одиграл на 6 март 2011 година против Арсенал Киев. Во сезоната 2010/11 година Карпати Лавов се пласирал на 5-то место во украинската лига, и тоа значело настап во УЕФА Европа Лигата. Во УЕФА Европа тој бил еден од позаслужните што клубот се пласирал во групната фаза од натпреварувањето. Во ноември 2013 година, по претходните расправии со клубот, Богатинов добил раскинување на договорот и станал слободен играч. Претходно, нему му биле понудени полоши услови за продолжување на договорот, кој тој ги одбил, така што паднал во немилост и ретко добивал шанса да брани.[6]
Официјалното деби за фудбалската репрезентација на Македонија го направил на 17 ноември 2010 година во натпреварот против Албанија влегувајќи во игра во 87-та минута од натпреварот. Потоа на 22 декември 2010, тој бил прв избор на голманската позиција на пријателскиот натпревар против Кина каде фудбалската репрезентација на Македонија загубила со 1-0 примајќи гол во 94-та минута од натпреварот.[7] До сега за фудбалската репрезентација на Македонија има одирано 9 натпревари.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.