Р’мби

село во Преспанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Р’мбиmap

Р‘мби (или без дијалектна носовка: Р’би или Роби; грчки: Λαιμός, Лемос; до 1926 Ράμπη, Рамби[2]) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 171 жител (2021). Македонците се сочинуваат многу големо мнозинство од населението.

Кратки факти Р’мби Λαιμός, Земја ...
Р’мби
Λαιμός
Thumb
Црквата „Св. Петка“ од 1896 г.
Thumb
Р’мби
Р’мби
Местоположба во областа
Thumb
Р’мби
Местоположба на Р’мби во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°50.11′N 21°8.26′E
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&100000000000011700000001.170 м
Население (2021)[1]
  Вкупно171
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.530 77
Повик. бр.23850–51
Затвори

Географија

Селото е сместено во областа Голема Преспа, западно од с. Герман, недалеку од границата со Р Македонија. Лежи околу 3 км источно од Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Бела Вода.[3] Низ селото минува Стара Река, која извира од Пелистер и по 10 км се влева во Преспанското Езеро.

Топонимија

Подолу погледајте го опширниот список на топонимите во Р’мби.

Историја

Предание за името

Според една легенда, селото го носи ова име бидејќи во далечното минато неговите жители биле робови (старословенски: рѫби), доведени од Цар Самоил како плен од неговите војни.

Во Отоманското Царство

Црквата „Сретение Господово“ во селото е зградена во XVI век и прогласена за споменик на културата.[4] Храмот „Св. Петка“ е од XIX век, и исто така има статус на заштитен споменик.[4]

Во постаро време селото било чисто македонско, но подоцна во него се доселиле мал број Албанци муслимани.[3] Кон крајот на XIX век Р’мби е заведено како македонско-албанско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рамна било село во Ресенската каза со 48 домаќинства од 90 жители муслимани и 58 Македонци.[5][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Р’мби живееле 196 Македонци и 100 Арнаути.[5][7] По Илинденското востание, во почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Р’мби живееле 256 Македонци под егзархијата и 156 Албанци.[5][9] Црквата „Св. Петка“ е изградена во 1896 г. врз темелите на старата црква,[10] а во околината на селото има рушевини од други стари цркви.[11]

Жителите на Р’мби зеле активно учество во борбата на Македонската револуционерна организација против турската власт, како и во Илинденското востание. На 12 септември 1903 г. селото е запалено од турската војска и убиени се 6 лица.[12] Во податокот за овој период, Боривое Милоевиќ го завел Р’мби како чисто македонско село со 50 куќи, иако познато е дека имало и 8 албански семејства кои живееле во соседното маало Бостанџиовци.[3]

Во Грција

Thumb
Споменик на Спиро Преспанчето во Р’мби.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е попишано како мешана населба со 447 жители, кои во 1920 г. станале 555.[3] Во 1924 г. албанското население се иселило во Албанија, а во Р’мби се доведени 27 грчки дојденци (8 семејства) од Кавказ, но и пет македонски семејства од Леска и едно од Пустец во Мала Преспа од албанска страна.[3] Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано со 547 жители,[3] од кои 99 лица (23 семејства) биле грчки доселеници.[13]

Во 1925 г. крај патот за Медово е изградена црквата „Св. Никола“.[10] Во 1926 г. селото е преименувано во Лемос, што во превод значи „шија“ или „грло“.[14] Во 1940 г. населението нараснало на 738 жители, меѓи кои Македонците биле апсолутно мнозинство. Помеѓу двете светски војни 93 лица од Р’мби се иселиле во прекуокеанските земји, а некои ги повлекле и семејствата.[3]

Во 1949 г. селото значајно настрадало од монархистичките операции во Грчката граѓанска војна, по што од него се иселиле 87 македонски семејства, од кои 43 пребегале во Р Македонија, а уште 44 во источноевропските земји. На нивно место властите доселиле 20 семејства погрчени Власи од Епир.[3] Така, во Р’мби останале околу 50 македонски семејства. Така, во 1951 г. селото имало 466 жители, намалувајќи се на 427 во 1961 г. Во текот на следното десетлетие отпочнало масовно иселување во прекуокеанските земји и во поголемите градови, па во 1971 г. населението опаднало на 286 лица.[3] Во 1981 г. Р’мби имало 251, а во 1991 г. — 250 жители. Во 2001 г. населението пораснало на 299 жители, за да се смали на 185 лица во 2011 г.

Во испитувањето од 1993 г. се вели дека „словенојазично-дојденско“, и дека македонскиот јазик во него е зачуван на средно ниво.[15]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 738 466 427 286 251 250 299 185 171
Затвори
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Список на топоними

Ова е список на позначајните топоними во Р’би и околината:[16]:

Цркви

Thumb
Црквата „Сретение Господово“ од XV век

Стопанство

Селото се смета за прилично богато. Главни производи се житото, гравот, компирот и други култури. Доста застапено е и сточарството.

Личности

  • Спиро Преспанчето (?–1903) — разбојник и револуционер
  • Кољо Стефанов Казаков — македонски револуционер од ВМОРО.[17]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.