From Wikipedia, the free encyclopedia
Трансмексикански Вулкански Појас (шпански: Eje Volcánico Transversal) или Сиера Невада — вулкански појас кој се простира на централно-јужниот дел од Мексико. Неколку од неговите највисоки врвови имаат снег по цела година. Тие се јасно видливи за голем број на луѓе кои живеат во околните населби кои се наоѓаат на поголема надморска височина.
|
Појасот се простира преку централно-јужниот дел на Мексико, од Тихиот Океан до Мексиканскиот Залив помеѓу 18°30'С и 21°30'С, стоејќи на јужниот крај на Северноамериканската Плоча. Ова е приближно околу 1000 км, од кои 90-230 км спаѓаат во источно-западниот активен лак кој опфаќа површина од околу 160000 км². Во текот на неколку милиони години, со подвлекување на Кокоската и Риверската Плоча под Северноамериканската долж северниот крај на Средноамериканскиот Ров се формирал Трансмексиканскиот Вулкански Појас. Трансмексиканскиот вулкански појас е единствен вулкански појас од ваков вид; не е паралелен со Средноамериканскиот Ров, и многу од главните стратовулкани се позиционирани косо на општата положба на лакот. Во прилог на физиографските комплексности, неверојатни композиции од различно-доминантни подвлекувачки поврзани производи се во контраст со меѓу-плочните геохемиски модели. Многуте интригантни аспекти на појасот поттикнале неколку хипотези засновани на типичното сценарио за подвлекување; меѓуплочни пропусни трансформни раседи, Земјин плашт, раседи скок преку Источнотихоокеанскиот Гребен. Овие одлики се делумно поврзани со реактивирањето на системите за ран расед за време на еволуцијата на појасот. Кршливоста, кинематиката и староста дефинираат комплексна низа од мноштво на фактори кои влијаеле на деформацијата на појасот. Во овие одлики не се исклучуваат ни големи стратовулкани, вклучувајќи ги и моногенетичките вулкански конуси, штитестите вулкани, комплекси од лавини куполи и големи купи.
Пред формирањето на Трансмексиканскиот Вулкански Ппојас, постариот соседен вулкански појас Сиера Мадре Оксидентал се протегал во областа. Продолжувајќи во периодот на еоцен, пост-ларамидската деформација, подвлекувачки поврзан вулканизам го формирал Сиера Мадре Оксидентал, силицијумски вулкански лак во палеоподвлекувачката зона од брегот на Долна Калифорнија, пред поделбата на полуостровот. Во доцниот еоцен до средниот миоцен, ротацијата на вулканскиот лак се движела спротивно од стрелките на часовникот и преминала од некогашниот активен Сиера Мадре Оксидентал во сега активниот трансмексикански вулкански појас. До средниот миоцен, транзицијата од силицијумска до во поголем дел на мафична композиција на вулканскиот лак била комплетирана, што се смета за почеток на Трансмексиканскиот Вулкански Ппојас. Поради ортогоналната ориентација на Трансмексиканскиот Вулкански Ппојас во однос на трендот на мексиканските тектонски провинции, пред-кредалниот темел е многу хетероген. Трансмексиканскиот вулкански појас источно на 101°З лежи на пред-камбријската група на карпи, собрани на микроконтинентот Оаксакија и на палеозојската група на карпи Микстеко. На 101°З западно, Трансмексиканскиот Вулкански Ппојас се наоѓа на врвот на композитната група на карпи Геро - составен од јурачки до кредни морски маргинални лакови кои се изградени на силицијумски турбидити од периодот на тријас до раната јура. Составот на овие втемелени карпи резултира со широчина од 50-55 км источно од 101°З и 35-40 км западно од 101°З.
Подвлекувачките плочи настанале од распадот на Фараљонската Плоча приближно пред 23 Ма, по што се создале две тектонски плочи на екваторските ширини и тоа Кокоската Плоча на север и Насканската на југ. Пред околу 10 мг, Риверската Плоча бил последниот дел кој се одвоил од Кокоската Плоча, станувајќи микроплоча. Оваа микроплоча се граничи со фрактураната зона на Риверската, Источнотихоокеанскиот Гребен, цепната зона Тамајо, и Средноамериканскиот Ров. Поголемата Кокоска Плоча се граничи со Северноамериканската Плоча и Карипската Плоча на североисток, Тихоокеанската Плоча на запад и со Насканската Плоча на југ. Кокоската Плоча и Риверската се релативно млади тектонски плочи кои се протегаат по должината на ровот со различни стапки на конвергенција (Риверската = ~30 милиони години и Кокоската = ~50-90 милиони години). Вообичаено пронајдените карпи поврзани со подвлекување, како што се калци-алкалните карпи, зафатнински го чинат мнозинството на Трансмексиканскиот Вулкански Ппојас но исто така помали количини на меѓу-плочна лава, карпи богати со калиум и адакити се исто така распространети на оваа област. За време на плиоцен-квартарниот период, адакитските (во поголема мера фелсични) карпи кои потекнуваат од среден миоцен се најдалеку од ровот и местоположбата им е заедно со вулканскиот преден дел на централниот трансмексикански вулкански појас. Се претопоставува дека топењето на плочата придонело за адакитичниот отпечаток на Трансмексиканскиот Вулкански Ппојас, поттикнат од продолженото подвлекување на Кокоската Плоча.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.