село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Врбјани — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река, во околината на градот Дебар.
Врбјани | |
Поглед на селото | |
Координати 41°41′0″N 20°37′57″E | |
Регион | Полошки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Област | Горна Река |
Население | 187 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1255 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07016 |
Надм. вис. | 1.360 м |
Врбјани на општинската карта Атарот на Врбјани во рамките на општината | |
Врбјани на Ризницата |
Врбјани се наоѓа во областа Горна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, од десната страна на реката Радика, а под источните огранки на планината Кораб.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.360 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 38 километри.[2]
Селото Врбјани од источната страна се граничи со реката Радика и селото Сенце, од јужната страна се граничи со селото Жировница, од западната страна со малата Врбјанска Планина, од која се гледа големата планина Кораб, и од северната страна со селата Тануше, Рибница, Нистрово и Волковија.
Селото е сместено на Меник, огранка на планината Кораб. Гледано од долината на Радика личи на птичјо гнездо. Селото е на граница со другите мијачки села.[3]
Како месности во атарот на селото се сретнуваат следниве: Ливади Мечкарит, Орница е Рекас, Ливади Чолакут, Каловишта, Вори Асанит (стари гробишта) и Вори Латинит („латински гробишта).[3] Во околината на селото се сретнуваат повеќе извори и пештери.[3]
Селото има збиен тип и е поделено на три маала, Млика, Фучка и Квечај.[3]
Селото било основано доста подоцна од останатите рекански села и се разликува од другите по говорот, бидејќи неговите жители се дојдени од областа Матија, во Албанија, пред околу 200 години.[3]
Во XIX век, Врбјани било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]
Селото зафаќа простор од 14 км2. На него преовладуваат шумите на површина 596,8 хектари, обработливото земјиште зазема 389,6 хектари, додека на пасиштата отпаѓаат само 39,9 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2] Во минатото, во селото постоела земјоделска задруга.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врбени се води како чисто албанско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 60 куќи.[5]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Албанци.[6]
Во 1961 година селото броело 585 жители, од кои 501 биле Албанци, 67 Турци и 10 Македонци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 611 жители, од кои 607 Албанци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Врбјани живееле 625 жители, од кои 622 Албанци и 3 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 187 жители, од кои 163 Албанци и 24 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 620 | 434 | 585 | 640 | 605 | 130 | 611 | 625 | 187 |
Во Врбјани отсекогаш живееле Албанци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Врбјани живееле албански муслимански родови, кои се доселени областа Матија, во Албанија.[3]
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуша, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуша се наоѓало во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Жировница, во која покрај Врбјани се наоѓале и Болетин, Видуше и Жировница. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на истоимената општина.
Во селото постои избирачкото место бр. 0476 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 569 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.