австралиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Лук Дарбриџ (англиски: Luke Durbridge; р. 9 април 1991 ) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[2] Дарбриџ е специјализиран за поединечен хронометар, друмски трки и повеќе велодромски дисциплини.[3][4]
Дарбриџ во 2020 година | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Лук Дарбриџ | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Турбо Дурбо | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 9 април 1991 Гринмаунт, Западна Австрија, Австралија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,87 м[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 78 кг[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Тим Џејко-АИУла | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | велодромски и друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометар | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2010–2011 2012– | Тим Џајко-Скинс ГринЕЏ | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 18 октомври 2022 |
Откако станал национален хронометарски првак во 2012 година, Дарбриџ ги освоил обете титули во 2013, хронометарот и друмската трка. Со тоа станал првиот возач, кој ги обединил титулите во една година на професионално ниво,[5] Џонатан Хал претходно ги освоил обете титули во 1997, но не на елитно ниво.[6]
Започнал со велосипедизам на 14 години, настапувајќи и во триатлони. Во 2009 станал светски јуниорски хронометарски првак на Светски друмски првенства под 19 години во Москва, Русија, притоа освојувајќи го златото и во медисон на Светското јуниорско велодромско првенство истата година. Во 2010 станал најмладиот освојувач на медал на хронометарот под 23 години на Светските друмски првенства.
Дарбриџ се приклучил на екипата ГринЕЏ за сезоната 2012, што се поклопила со неговото исфрлање од австралиската велодромска екипа.[7][8] По освојувањето на националното хронометарско првенство под 23 години во 2011, Дарбриџ станал национален хронометарски првак во јануари 2012,[9] победувајќи го колегата и двократниот првак, бранител на титулата, Камерон Мајер за скоро седум секунди. Неговата прва професионална победа се случила во април 2012, освојувајќи го генералниот пласман на Сиркут де ла Сарт и покрај тоа што бил оставен само со двајца колеги за последната етапа.[10] Во јуни неочекувано победил на прологот на Критериум ди Дофине, победувајќи го Бредли Вигинс и светскиот хронометарски првак Тони Мартин.[11] Подоцна, завршил петти на Енеко Тур пред да го освои својот втор генерален пласман во таа година на трката Тур ду Поату-Шарент.[12]
Во 2021 година, Дарбриџ возел на олимписката друмска трка за првпат на Летните олимписки игри 2020 во Токио, каде завршил на 72. место.[13][14]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.