Критериум ди Дофине 2012

From Wikipedia, the free encyclopedia

Критериум ди Дофине 2012
Remove ads

Критериум ди Дофине 2012 било 64. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине. Се одржувала од 3 до 10 јуни и била рангирана како настан во Светската турнеја на календарот на UCI, која е највисока категорија на една трка. Започнала во Гренобл, а завршила во Шател по седум изминати етапи и воведниот пролог. Трката е организирана од Amaury Sport Organisation, истата група, која го организира и Тур де Франс. Сметана е како главна подготовка за Тур де Франс, па оттука голем број на кандидати за генералниот пласман на големите трки учествуваат на Дофине.[1] Вклучувала планински етапи, како и поединечен хронометар, сличен на оној во должина, кој ги очекува возачите на Тур.

Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...

Трката била освоена втора година по ред од возачот на Тим Скај Бредли Вигинс,[2] кој ја бркал водечката маичка уште на почетокот на трката, зголемувајќи ја својата предност во водството по освојувањето на хронометарот на четвртата етапа и одржувајќи ја својата предност до крајот на трката. Со овој потфат, Вигинс станал само трет возач, кој ги освоил Дофине и Париз-Ница – Вигинс ја освоил оваа трка во март, како и априлската Тур де Романди – во иста година, веднаш зад Жак Анкетил (1963 и 1965) и Еди Меркс (1971), кои тоа го направиле претходно.[3]

Разликата помеѓу Вигинс и неговиот колега и вицешампион Мајкл Роџерс била една минута и седумнаесет секунди, а возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Кедел Еванс го заокружил подиумот, девет секунди зад Роџерс.[4] Во останатите пласмани на трката, возачот на Ликвигас-Канондејл Кајетано Сармиенто го освоил планинскиот пласман,[5] Еванс ја освоил зелената маичка за бодовниот пласман,[6] Возачот на Рабобанк Вилко Келдерман го освоил пласманот за млад возач,[7] додека Тим Скај завршиле на чело на екипниот пласман со над тринаесет минути, откако четири нивни членови завршиле во првите десет возачи на крајот на трката.[8]

Remove ads

Екипи

Бидејќи Критериум ди Дофине е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI ProTeam екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат нивен состав. Четири други екипи добиле дополнителни покани за трката и со тоа е создадена главната група од 22 екипи.[9] Сите 22 екипи исто така ќе учествуваат на Тур де Франс, подоцна во сезоната.[10]

Дваесет и двете екипи, кои се натпреварувале на трката се:[11]

Remove ads

Распоред

Рутата за трката била објавена на 27 март 2012.[12]

Повеќе информации Етапа, Движење ...
Remove ads

Етапи

Пролог

3 јуни 2012 — Гренобл, 5,7 км, поединечен хронометар (ITT)[13]

Етапа 1

4 јуни 2012 — Сесин до Сен Вале, 187 км[14]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 2

5 јуни 2012 — Ламастр до Сен Фелисијан, 160 км[15]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 3

6 јуни 2012 — Живор до Ла Клајет, 167 км[16]
Повеќе информации Rider, Team ...

Етапа 4

7 јуни 2012 — Вили Моргон до Бурк ан Брес, 53,5 км, поединечен хронометар (ITT)[17]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 5

8 јуни 2012 — Сен Триве сир Монан до Ромили, 186,5 км[18]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 6

9 јуни 2012 — Сен Албан Лејс до Морзин, 167,5 км[19]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 7

10 јуни 2012 — Морзин до Шател, 124,5 км[20]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Remove ads

Поредок

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads