Нагорнокарабашки судир — територијален и етнички конфликт помеѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион на Нагорно-Карабах и седум окружни области, кои де факто се контролирани од самопрогласената Република Арцах, но се меѓународно признати де јуре како дел на Азербејџан. Конфликтот има свое потекло во почетокот на XX век. Под Советскиот Сојуз, Јосиф Сталин одлучил да го направи регионот на Нагорно-Карабах, историски ерменски и со мнозинско ерменско население, автономна област во Советски Азербејџан[19]. Сегашниот конфликт започнал во 1988 година, кога карабахските Ерменци побарале Карабах да биде префрлен од Советски Азербејџан во Советска Ерменија. Конфликтот ескалирал во целосна војна во раните 1990-ти.

Кратки факти Нагорнокарабашки судир, Датум ...
Нагорнокарабашки судир
Thumb
Гробови на азербејџански војници
Датум 20 февруари 1988–денес
Место Нагорно-Карабах
Ерменско-азербејџанска граница
Исход Активен
Завојувани страни
 Ерменија
 Република Арцах (порано Нагорно-Карабах)


Набавка на оружје:

 Азербејџан

Поддршка:

Набавка на оружје:

Команданти и водачи
Моментални:
Ерменија Никол Пашинјан (Премиер на Ерменија, врховен командант)
Ерменија Давид Тонојан (Министер за одбрана на Ерменија)
Ерменија Артак Давтијан (Началник на Генералштабот на Ерменија)
Нагорно Карабах Бако Сахакјан (Претседател на Арцах, врховен командант)
Нагорно Карабах Карен Абрахамјан (Министер за одбрана на Арцах)
Моментални:
Азербејџан Илхам Алиев
(Претседател на Азербејџан, врховен командант)
Азербејџан Закир Хасанов (Министер за одбрана на Азербејџан)
Азербејџан Наџмадин Садигов (Началник на Генералштабот на Азербејџан)
Вклучени единици
Армија за одбрана на Нагорно-Карабах
Воени сили на Ерменија
  • Ерменска војска
  • Ерменска погранична гарда
Воени сили на Азербејџан
  • Азербејџански копнени сили
Сила
Ерменија: 45,850 активни лица
НКР: 14,500 активни лица
Азербејџан: 66,940 активни лица
Жртви и загуби
214 војници, 16 цивили мртви(2008–2016)
~2,000 (1994–2017)[11]
1,008 војници и 90+ цивили мртви, 1,205 војници и 140 цивили повредени, 30+ војници и 12 цивили заробени (1994–2016)[12]
28,000–38,000 убиени (1988–1994)[17]
3,000 убиени (мај 1994–август 2009)[18]
407–467+ убиени(2010–2016)
Затвори

Прекинот на огнот потпишан во 1994 година предвидувал две децении релативна стабилност, што значително се влошила, заедно со зголемената фрустрираност на Баку со статус кво на ситуацијата, во спротивност со напорите на Ереван за нејзино зацврстување[20]. Четиридневната ескалација во април 2016 година ги означило најлошите борби како дата по прекинот на огнот. Оттогаш, опасноста од продолжување на големите непријателства е значително зголемена[21].

Заднина

Со започнувањето на Перестројката и распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1989 година, етничките тензии меѓу Ерменците и Азерите се зголемиле во регионот на Нагорно-Карабах.

Од 2017 година, јавното мислење од двете страни е забележано како „повеќе вкоренето, воинствено и бескомпромисно[20]. Во овој контекст, меѓусебните отстапки кои би можеле да ги намалат тензиите на подолг рок може на пократок рок да ја загрозат внатрешната стабилност и опстанокот на владејачките елити, па оттука оставаат мал поттик за компромис[20].

Нагорнокарабашки судир (1988-94)

Нагорнокарабашкиот судир, исто така позната како Арцахиска ослободителна војна во Ерменија и Нагорно-Карабах, претставува вооружен конфликт што се случил во доцните 1980-ти до мај 1994 година, во енклавата Нагорно-Карабах во југозападниот дел на Азербејџан, помеѓу мнозинските етнички Ерменци од Нагорно-Карабах, поддржани од Република Ерменија и Република Азербејџан на друга страна. Како што војната напредувала, Ерменија и Азербејџан, двете поранешни советски републики, се заплеткале во долготрајна војна во планинските височини на Карабах, додека Азербејџан се обидел да го спречи сецесионистичкото движење во Нагорниот-Карабах.

Парламентот на енклавата гласал за обединување со Ерменија. Референдумот кој бојкотиран од страна на азербејџанското население во Нагорно-Карабах, се одржал при што повеќето од гласачите гласале за независност. Барањето за обединување со Ерменија, кое започнало повторно во 1988 година, започнало на релативно мирен начин. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, тензиите постепено прераснале во насилен конфликт меѓу етничките Ерменци и етничките Азери. Двете страни започнале процес за етничко чистење и погроми[22][23].

Меѓуетничките судири меѓу двете страни избиле кратко време откако парламентот на Нагорно-Карабах во Азербејџан гласал за обединување на регионот со Ерменија на 20 февруари 1988 година. Околностите на распаѓањето на Советскиот Сојуз ги зголемиле желбите на ерменското сепаратистички движење во Советски Азербејџан. Декларацијата за отцепување од Азербејџан била конечниот резултат на територијалниот конфликт во врска со земјата[24]. Додека Азербејџан ја прогласил својата независност од Советскиот Сојуз и ги отстранил властите на владата на енклавата, ерменското мнозинство гласало за отцепување од Азербејџан. Во процесот тие ја прогласиле непризнаената Република Нагорно-Карабах[25].

Беспрекорните борби избиле кон крајот на зимата 1992 година. Меѓународното посредување на неколку групи, вклучувајќи ја и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), не донесе резолуција. Во пролетта 1993 година, ерменските сили ја освоиле територијата надвор од самата енклава, заканувајќи се да ја катализираат вклученоста на други земји во регионот[26]. До крајот на војната во 1994 година, Ерменците имале во целосна контрола над поголемиот дел од енклавата и исто така држеле и во моментов контролираат приближно 9% од територијата на Азербејџан надвор од енклавата[27]. Како резултат на конфликтот биле раселени 230.000 Ерменци од Азербејџан и 800.000 Азери од Ерменија и Карабах[28]. Во мај 1994 година бил потпишан прекин на огнот со посредство на Русија, а оттогаш мировните преговори, со посредство на Мисијата на ОБСЕ, се одржуваат во Ерменија и Азербејџан.

Некои судири се случиле во годините по прекинот на огнот од 1994 година[29].

Гранични судири (1994-2016)

Мартакерт (2008)

Мартакертските престрелки во 2008 година започнале на 4 март по ерменските протести во 2008 година. Во претелките се одвиле најтешките борби меѓу етничките ерменски[30] и азербејџанските[31] сили околу спорниот регион на Нагор-Карабах[31][32] од прекинот на огнот од 1994 година по војната во Нагорно-Карабах.

Ерменските извори го обвиниле Азербејџан дека се обидува да ги искористи тековните немири во Ерменија. Азербејџанските извори ја обвиниле Ерменија, тврдејќи дека ерменската влада се обидува да го сврти вниманието од внатрешните тензии во Ерменија.

По инцидентот, на 14 март Генералното собрание на Обединетите нации со регистрирано гласање од 39 за 7 против, ја усвоило Резолуција 62/243, барајќи итно повлекување на сите ерменски сили од окупираните територии на Азербејџан[33].

Насилство во 2010 година

Насилната карабахска пресметка во февруари 2010 година се случила со размена на огнено оружје на 18 февруари на линијата на контакти што ги дели азербејџанските и карабахските ерменски воени сили. Азербејџан ги обвинил ерменските сили дека стрелале на азербејџанските позиции во близина на селата, вклучувајќи и снајперисти.[34][35]. Како резултат на тоа, тројца азербејџански војници биле убиени, а еден бил ранет[36].

Овие престелки од 2010 година биле серија прекршувања на прекинот на огнот во Нагорно-Карабах. Тие се случувале преку линијата што го дели Азербејџан и етничките ерменски воени сили на непризнаената, но де факто независна Нагорнокарабашка Република. Двете страни се обвиниле една на друга за кршење на договорот за прекин на огнот.

Помеѓу 2008 и 2010 година, на двете страни биле убиени 74 војници[37].

Престелки 2011-2013

На крајот од април 2011 година, во граничните судири загинале тројца војници од Нагорно-Карабах[38], додека на 5 октомври биле убиени двајца азербејџанскии и еден ерменски војник[39] Во текот на целата година, 10 ерменски војници биле убиени.[40].

Следната година, судирите околу границата меѓу вооружените сили на Ерменија и Азербејџан се случиле од крајот на април до почетокот на јуни. Судирите резултирале со смрт на пет азербејџански и четворица ерменски војници. Во текот на целата 2012 година, 19 азербејџански и 14 ерменски војници биле убиени[41]. Друг извештај го зголемил бројот на азербејџански ртви војници на 20[29].

Во текот на 2013 година, 12 азербејџански и 7 ерменски војници биле убиени во погранични судири[41].

2014

Во 2014 година избиле неколку гранични судири кои резултирале со 16 жртви на двете страни до 20 јуни[42].

На 2 август, азербејџанските власти соопштиле дека осуммина од нивните војници загинале во тридневните судири со силите на НКО, најголемата единствена бројка на жртви за војската во земјата од војната во 1994 година[43]. НКО негирала какви било жртви на нивна страна, велејќи дека азербејџаните претрпеле 14 мртви и многу повеќе повредени[43]. Локалните власти во Нагорно-Карабах пријавиле најмалку две ерменски воени загинати во најголемиот инцидент во областа од 2008 година[44]. Пет други азербејџански војници биле убиени следната вечер, со што бројот на жртвите од августовските судири бил најмалку 15. Насилството ја поттикнала на Русија да издаде силна изјава, предупредувајќи ги двете страни да не ја ескалираат ситуацијата понатаму[45].

До 5 август 2014 година, од борбите што започнале на 27 јули, загинале 14 азербејџански и 5 ерменски војници. Севкупно, 27 азербејџански војници починале од почетокот на годината во пограничните судири[46].

Во посебен инцидент во јули 2014 година, армијата за одбрана на НКР објавила дека војниците убиле еден и уапсиле двајца припадници на азербејџанската група која пробила во безбедносната зона[47]. Освен шпионирањето за ерменските трупи и воените инсталации и цивилните населби во Карвачар (Келбаџар), тимот бил обвинет за убиство на седумнаесетгодишно момче и жител на селото Јумен. Двајцата преживеани членови на групата биле осудени на доживотен затвор од страна на ерменскиот суд. Во јули 2015 година, видео снимките снимени од тимот биле објавени во јавноста и се емитувале на Ерменската државна телевизија[48].

На 12 ноември 2014 година, азербејџанските вооружени сили го собориле хеликоптерот Мил-24 на армијата на Нагорнокарабашката армија над карабахската област Агдам. Тројца војници биле убиени во инцидентот. Ерменското Министерство за одбрана соопштило дека авионот бил невооружен и го нарекол неговото паѓање како „невидена провокација“. Азербејџанските власти тврдиле дека хеликоптерот „се обидувал да ги нападне“ позициите на азербејџанската армија[49]. Ерменските власти изјавиле дека Азербејџан ќе се соочи со „сериозни последици[50]. Со несреќата, 2014 година станала најсмртоносната година за ерменските сили од договорот за прекин на огнот од 1994 година, со 27 загинати војници, покрај 34 жртви на азербејџанската страна[51]. Шест ерменски цивили, исто така, загинале во 2014 година, додека до крајот на годината бројот на азербејџани се зголемил на 39 (37 војници и 2 цивили)[29].

2015

Во 2015 година, 42 ерменски војници и 5 цивили биле убиени во пограничната зона[52]. Покрај тоа, најмалку 64 азербејџански војници, исто така, загинале[53][54].

Судири се одвиле и во јануари[55] јуни,[56] август,[57] септември,[58][59] ноември[60] и декември.[54][61]

2016

Со текот на годините, Азербејџан, поттикнат од изворите на нафта и гас, започнал воен проект за изградба со цел да се реши статус квото. Само во 2015 година, Баку потрошил 3 милијарди долари за својата војска, повеќе од целиот национален буџет на Ерменија[20].

Во текот на јануари и февруари 2016 година, четворица ерменски и четворица азербејџански војници загинале во борбите на границата со Нагорно-Карабах[62]. Првата жртва на 2016 година бил војник од Нагорно-Карабах, кој бил убиен од азербејџански снајперски оган[63][64]. Во средината на февруари Хакоб Амбарцумјан, ерменски овчар, бил убиен од азербејџански снајперист[65]. Во март двајца азербејџани и еден ерменски војник загинале во судирите долж границата меѓу Азербејџан и Ерменија[66][67].

Помеѓу 1 и 5 април 2016 година, во тешките борби по нагорната линија на Нагорно-Карабах загинале 88 ерменски и 31-92 азербејџански војници. Исто така, исчезнале еден ерменски и тројца азербејџански војници. Покрај тоа, биле убиени 10 цивили (шест азербејџански и четири ерменски)[68][69]. За време на судирите, еден азербејџански воен хеликоптер и 13 беспилотни летала биле соборени[70], а еден азербејџански тенк бил уништен[71].

Помеѓу 8 и 17 мај 2016 година, во судири загинале 14 ерменски и тројца азербејџански војници, како и еден азербејџански цивил[72][73]. На 5 октомври 2016 година, ерменската артилерија ги гранатирала позициите на азербејџаните на линијата на контакт со еден азербејџански војник кој бил убиен[74]. Еден ерменски војник бил убиен на 11 октомври 2016 година во престрелка на линијата на контакт[75]. На 15 ноември еден азербејџански војник бил убиен на линијата на контакт[76]. На 27 ноември, азербејџанските сили известиле за убиството на еден ерменски беспилотник кој ја преминал линијата на контактот[77].

2017

Еден војник од Нагорно-Карабах бил убиен во акција со азербејџанските сили на 6 февруари 2017 година[78]. На 8 февруари 2017 година, еден војник од Нагорно-Карабах бил убиен, а друг ранет во престрелка со трупи на Азербејџан долж линијата за контакт[78]. На 24 февруари 2017 година, азербејџанските сили ги гранатирале ерменските позиции во близина на селото Талиш со артилерија[79]. Следниот ден избувнал голем судир со силите на Азербејџан кои се приближувале кон ерменските линии во истата област, по кое 5 азербејџански војници биле убиени[79][80].

На 15 мај 2017 година, Системот за воздушна одбрана на Карабах, Оса бил оштетен или уништен од раководен ракетен напад што го спровеле азербејџанските сили[81]. На 20 мај 2017 година, еден ерменски војник загинал во судир со азербејџански војници, азербејџанските војници користеле противтенковски гранати и 60-милиметарски минофрлачки оган во акцијата[82]. На 26 мај 2017 година, војник од Нагорно-Карабах бил убиен во престрелка со силите на Азербејџани во кои биле вклучени минофрлачи и гранати[83][84]. На 16 јуни 2017 година, азербејџанските сили убиле тројца војници од Нагорно-Карабах[85] . На 22 јуни 2017 година, четворица азербејџански војници биле убиени од страна на војниците од Нагорно-Караках[86]. На 4 јули една жена од Азербејџан и нејзиниот двегодишен внук биле убиени како резултат на гранатирање од страна на ерменските сили[87]. На 10 јули 2017 година, војник од Нагорно Карабах бил убиен во бомбардирање од страна на азербејџанските сили[88]. На 31 август 2017 година, азербејџанските воени позиции гранатирале ерменски позиции. Ерменската војска користела автоматско оружје со голем калибар[89].

2018

Еден војник од Нагорно Карабах бил убиен од азербејџански снајперист во близина на линијата на контакт на 7 јануари 2018 година[90]. Еден војник од Нагорно-Карабах бил убиен од азербејџански оган на 7 февруари 2018 година[91]. Тројца цивилни доброволци биле убиени во операцијата за деминирање во Нагорно-Карабах на 29 март 2018 година[92]. Еден војник од Нагорно-Карабах бил убиен од страна на азербејџанските сили на 9 април 2018 година[93]. Еден војник од Нагорно-Карабах бил убиен во престрелката со азербејџанските сили на 10 јуни 2018 година[94]. Во септември 2018 година еден војник од Ерменската армија бил убиен[95]. Во истиот месец, двајца нагорнокарабашки војници биле убиени од страна на азербејџанската армија[96][97].

2020

Во јули 2020 година се случиле дополнителни судири близу Тавуш.[98] Биле убиени 13 Азербејџанци, меѓу кои еден цивил, и 5 Ерменци.[99]

На 16 септември еден ерменски војник бил убиен;[100] а пет дена подоцна бил убиен и азербејџански војник.[101]

На 27 септември, се случиле сериозни судири, поради што Еремнија донела воен закон и мобилизација.[102] Во текот на истиот ден, Собранието на Азербејџан исто така донело воен закон и во неколку градови и региони околу судирот, поставиле полициски час.[103]

Жртви

Иако нема точни бројни жртви, до 2009 година, според повеќето набљудувачи, биле убиени дури 3.000 луѓе[104], претежно војници. Во 2008 година, борбите станале поинтензивни и чести. Со 72 смртни случаи регистрирани во текот на годината, 2014 станала најкрвавата од крајот на војната во 1994[29]. Во судирите од 2020 година биле убиени стотици војници, но и голем број на цивили.[105]

Повеќе информации Година, Ерменија ...
ГодинаЕрменијаАзербејџанВкупно
2008N/AN/A30 војници[37]
2009N/AN/A19 војници[37]
20107 војници[106]18 војници25 војници[37]
201110 војници[40]4+ војници,[37][39] 1 цивил[107]14+ војници, 1 цивил
201214 војници20 војници34 војници[29]
20137 војници12 војници19 војници[41]
201427 војници, 6 цивили37 војници, 2 цивили64 војници, 8 цивили[29]
201542 војници, 5 цивили[52]64 војници[53][54]77 војници, 5 цивили
2016107 војници, 5 цивили[62][65][67][68][72]+101 војници, 7 цивили[62][66][69][73]+147–208 војници, 12 цивили
201722 војници[108]19 војници[109]41 војници
20185–7 војници[110][111]6 војници[111]11–13 војници
20194 војници[112]6+ војници[113][114]10+ војници
2020228 војници, 18 цивили[115]46 војници, 25 цивили[116]264 војници, 43 цивили
Затвори

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.