From Wikipedia, the free encyclopedia
Планински пласман на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, во кој велосипедистите добиваат бодови доколку се искачат први на некое искачување. Предводникот на пласманот е именуван како „крал на планините“, а од 1975 година ја носи точкестата маичка (француски: maillot à pois rouges), бела маичка со црвени точки.
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Тур де Франс |
Доделена за | најдобар искачувач на планинските етапи |
Локално име | Maillot à pois rouges (француски) |
Историја | |
Прва награда | 1933 (маичка од 1975) |
Изданија | 80 (до 2019) |
Прв победник | Висенте Труеба (ШПА) |
Најмногу победи | Ришар Виранк (ФРА)
|
Најнов победник | Ромен Барде (ФРА) |
На првите трки на Тур де Франс немало планински премини, туку неколку помали искачувања. Првиот бил Кол де Ешармо (712 м), на воведната етапа од Париз до Лион, на која сега се наоѓа стариот пат од Отин до Лион. Етапата од Лион до Марсеј го вклучувала Кол де ла Републик (1.161 м), исто така познат како Кол ду Гран Боа. Првиот посериозен врв бил Балон д’Алзас (1.178 м) во Вогезите[1] — бил вклучен во трката во 1905 година. Меѓутоа, вистинските планини не биле вклучени до 1910 година, кога за првпат се одело во Пиринеите. Таа година, трката се возела или повеќе се одела, на Кол д’Обиск и потоа на соседниот Турмале. Обете искачувања биле калливи патеки, голем предизвик за тешките и безбрзински велосипедист возени од велосипедисти со гуми околу нивните рамења и нивната храна, облека и алати во торби околу нивните рачки. Помошникот на организаторот, Виктор Брајер, стоел на врвот на Обиск со колегата кој го предложил вклучувањето на Пиринеите, Алфонс Стенес.[2] Дегранж бил доволно самоуверен по Пиринеите да ги вклучи и Алпите во 1911 година.[3]
Највисокото искачување на трката било Симе де ла Бонет во 1962 година, достигнувајќи 2.802 метри.[4] Највисока планинска завршница на Тур била на Кол ду Галибие на Тур де Франс 2011.[5]
Од 1905 година, весникот-организатор l'Auto именувал еден велосипедист на Тур де Франс како meilleur grimpeur (најдобар искачувач).[6] Во 1933 година, Висенте Труеба бил победник на овој пласман. Меѓутоа, Труеба бил многу слаб спуштач, па така никогаш ништо не добивал од стигнувањето на врвот прв. Директорот на Тур де Франс, Анри Дегранж, одлучил дека велосипедистите треба да добиваат бонус ако стигнат на врвот први. Од 1934 па натаму, разликата меѓу првиот и вториот велосипедист кој ќе стигне на врвот била давана како временски бонус на првиот. Овие временски бонуси подоцна биле отстранети, но кованицата „крал на планините“ останала.[7] Иако најдобриот искачувач бил првпат признаен во 1933 година, маичката не била воведена до 1975 година. Боите биле одлучени од тогашниот спонзор, Chocolat Poulain, чии чоколади биле покриени со точкести пакувања.[8] Моментално, маичката е спонзорирана од маркетите Карфур, кои се спонзори на маичката од 1933 година, првично под брендот Шампион, но од 2009 година поддржани од главниот бренд Карфур. Боите на маичката на Тур биле прифатени и од други велосипедски етапни трки.
На врвот на секое искачување на Тур, постојат бодови за возачите кои први ќе дојдат на врвот. Искачувањата се поделени во категории од 1 (најтешко) до 4 (најлесно) засновано на нивната тежина, мерена според нивната стрмнина и должина. Неколку од најтешките искачувања првично добиле различна бодовна скала и биле запишани како „некатегоризирани“ (Hors catégorie, термин кој подоцна бил прифатен како нешто извонредно); меѓутоа, од 1980-тите искачувањата од hors catégorie добивале своја бодовна скала и станале посилни, и покрај своето име, од категоријата 1, односно биле над неа. Во 2004 година, бодовниот систем бил изменет, па така првиот возач во четвртата категорија добила 3 бода, додека првиот за искачувањата од екстра категорија добивал 20 бода. Другите бодови на искачувањата од четврта категорија биле за првите тројца, додека за искачувањата од екстра категорија биле за првите десет. Од 2004, бодовите на последното искачување на етапата биле удвоени, но искачувањата требало да бидат најмалку од втора категорија.[9]
Бодовите кои се добиваат од последователните возачи достигнувајќи го планинскиот врв се распределуваат според следнава класификација:
4К | 3К | 2К | 1К | ЕК | |
---|---|---|---|---|---|
1. | 1 | 2 | 5 | 10 | 20 |
2. | 1 | 3 | 8 | 16 | |
3. | 2 | 6 | 12 | ||
4. | 1 | 4 | 8 | ||
5. | 2 | 4 | |||
6. | 1 | 2 |
4К | 3К | 2К | 1К | ЕК | |
---|---|---|---|---|---|
1. | 1 | 2 | 5 | 10 | 25 |
2. | 1 | 3 | 8 | 20 | |
3. | 2 | 6 | 16 | ||
4. | 1 | 4 | 14 | ||
5. | 2 | 12 | |||
6. | 1 | 10 | |||
7. | 8 | ||||
8. | 6 | ||||
9. | 4 | ||||
10. | 2 |
Бодовите на планинските завршници се удвојуваат, доколку искачувањето е од екстра категорија (ЕК), 1. или 2. категорија. Организацијата на трката одредува кои искачувања се вклучени во планинскиот пласман и која категорија се тие.
Доколку двајца возачи имаат подеднаков број на бодови, возачот со најмногу први места на искачувањата од екстра категорија, се прогласува за победник. Ако возачите пристигнале први, подеднаков број на пати, првите места на искачувањата од 1. категорија ќе се споредат. Доколку повторно имаат подеднаков број во оваа категорија, организаторот продолжува да ги споредува нивните резултати на искачувањата од 2., 3. и 4. категорија, додека не се пронајде победникот. Доколку бројот на први места во сите категории е подеднаков за обајцата, возачот со повисоко место во генералниот пласман ја добива планинската маичка.
До 2011 година, бодовите добиени на планинските искачувања биле распределуваат според следниов начин:
Во поново време, системот добил одредени критики. Шестократниот победник Лисјен ван Импе изјавил дека планинската маичка е обезвреднета, бидејќи припаѓа на велосипедисти кои немаат надеж да победат во генералниот пласман, па така им е дозволено да победнат и да ги соберат бодовите на искачувањата при бегствата. Оваа тактика била започната од велосипедисти како што се Лорен Жалабер и Ришар Виранк, но според Ван Импе, тие навистина можеле да се искачуваат. Ван Импе предложил да се доделуваат временски бонуси, кои можеби ќе ја зголемат борбата.[11]
Овој список ги прикажува велосипедисти кои биле одбрани како „најдобри искачувачи“ (meilleur grimpeur) од весникот l'Auto. Иако весникот бил организатор на Тур де Франс, титулата не била доделувана од нив, туку била неслужбена. Меѓутоа, таа е директен претходник на планинскиот пласман.[12][13]
Година | Земја | Возач | Екипа |
---|---|---|---|
1905 | Франција | Рене Потје | |
1906 | Франција | Рене Потје | |
1907 | Франција | Емил Жорже | |
1908 | Франција | Гистав Гарижу | |
1909 | Луксембург | Франсоа Фабер | |
1910 | Франција | Октав Лапиз | |
1911 | Франција | Пол Дибок | |
1912 | Белгија | Одил Дефреје | |
1913 | Белгија | Филип Тис | |
1914 | Белгија | Фирмин Ламбо | |
1919 | Франција | Оноре Бартелеми | |
1920 | Белгија | Фирмин Ламбо | |
1921 | Белгија | Хектор Хесгем | |
1922 | Франција | Жан Алавоан | |
1923 | Франција | Анри Пелисје | |
1924 | Италија | Отавио Ботекија | |
1925 | Италија | Отавио Ботекија | |
1926 | Белгија | Лисјен Бујсе | |
1927 | Италија | Џовани-Микеле Гордини | |
1928 | Франција | Виктор Фонтан | |
1929 | Франција | Виктор Фонтан | |
1930 | Франција | Беноа Фауре | |
1931 | Белгија | Жозеф Демујсере | |
1932 | Шпанија | Висенте Труеба |
Година | Земја | Возач | Екипа |
---|---|---|---|
1933 | Шпанија | Висенте Труеба | Турист-рутие |
1934 | Франција | Рене Вието | Франција |
1935 | Белгија | Фелисјен Вервеке | Белгија |
1936 | Шпанија | Хулијан Берендеро | Шпанија-Луксембург |
1937 | Белгија | Фелисјен Вервеке | Белгија |
1938 | Италија | Џино Бартали | Италија |
1939 | Белгија | Силвер Мес | Белгија |
1947 | Франција | Пјер Брамбила | Италија |
1948 | Италија | Џино Бартали | Италија |
1949 | Италија | Фаусто Копи | Италија |
1950 | Франција | Лујон Бобе | Франција |
1951 | Франција | Рафаел Жеминијани | Франција |
1952 | Италија | Фаусто Копи | Италија |
1953 | Шпанија | Хесус Лороњо | Шпанија |
1954 | Шпанија | Федерико Баамонтес | Шпанија |
1955 | Луксембург | Шарли Гол | Луксембург |
1956 | Луксембург | Шарли Гол | Луксембург |
1957 | Италија | Гастон Ненчини | Италија |
1958 | Шпанија | Федерико Баамонтес | Шпанија |
1959 | Шпанија | Федерико Баамонтес | Шпанија |
1960 | Италија | Имерио Масињан | Италија |
1961 | Италија | Имерио Масињан | Италија |
1962 | Шпанија | Федерико Баамонтес | Марглат-Палома-д’Алесандро |
1963 | Шпанија | Федерико Баамонтес | Марглат-Палома-Мотул-Данлоп |
1964 | Шпанија | Федерико Баамонтес | Марглат-Палома-Данлоп |
1965 | Шпанија | Хулио Хименес | Кас-Каскол |
1966 | Шпанија | Хулио Хименес | Форд-Франција-Хатчинсон |
1967 | Шпанија | Хулио Хименес | Шпанија |
1968 | Шпанија | Аурелио Гонсалес | Шпанија |
1969 | Белгија | Еди Меркс | Фаема |
1970 | Белгија | Еди Меркс | Фаема–Фаемино |
1971 | Белгија | Лисјен ван Импе | Сонолор-Лежан |
1972 | Белгија | Лисјен ван Импе | Сонолор |
1973 | Шпанија | Педро Торес | Ла Касера-Баамонтес |
1974 | Шпанија | Доминго Перурена | КАС |
1975 | Белгија | Лисјен ван Импе | Житан |
1976 | Италија | Џанкарло Белини | Бруклин |
1977 | Белгија | Лисјен ван Импе | Лежан-БП |
1978 | Франција | Маријано Мартинес | Жобо-Суперија |
1979 | Италија | Џовани Батаљин | Инокспран |
1980 | Франција | Рајмон Мартин | Мико-Мерсие |
1981 | Белгија | Лисјен ван Импе | Марк |
1982 | Франција | Бернар Вале | Ла Редут-Мотобекан |
1983 | Белгија | Лисјен ван Импе | Метауро Мобили |
1984 | Обединето Кралство | Роберт Милар | Пежо |
1985 | Колумбија | Луис Ерера | Кафе де Колумбија |
1986 | Франција | Бернар Ино | Ла Вие Клер |
1987 | Колумбија | Луис Ерера | Кафе де Колумбија |
1988 | Холандија | Стевен Рокс | ПДМ-Ултима-Конкорд |
1989 | Холандија | Герт-Јан Тенисе | ПДМ-Ултима-Конкорд |
1990 | Франција | Тиери Клаверола | Р.М.О. |
1991 | Италија | Клаудио Кјапучи | Карера Џинс-Тасони |
1992 | Италија | Клаудио Кјапучи | Карера Џинс-Вагабонд |
1993 | Швајцарија | Тони Ромингер | КЛАС-Кахастур |
1994 | Франција | Ришар Виранк | Фестина |
1995 | Франција | Ришар Виранк | Фестина |
1996 | Франција | Ришар Виранк | Фестина |
1997 | Франција | Ришар Виранк | Фестина |
1998 | Франција | Кристоф Ринеро | Кофидис |
1999 | Франција | Ришар Виранк | Тим Полти |
2000 | Колумбија | Сантијаго Ботеро | Келме-Коста Бланка |
2001 | Франција | Лорен Жалабер | ЦСЦ-Тискали |
2002 | Франција | Лорен Жалабер | ЦСЦ-Тискали |
2003 | Франција | Ришар Виранк | Квик Степ-Давитамон |
2004 | Франција | Ришар Виранк | Квик Степ-Давитамон |
2005 | Данска | Михаел Расмусен | Рабобанк |
2006 | Данска | Михаел Расмусен | Рабобанк |
2007 | Колумбија | Маурисио Солер | Барловорлд |
2008 | Австрија | Геролштајнер | |
2009 | Италија | Ликвигас | |
2010 | Франција | Антони Шарто | Ббокс Буиг Телеком |
2011 | Шпанија | Самуел Санчес | Еускалтел-Еускади |
2012 | Франција | Тома Веклер | Тим Јуропкар |
2013 | Колумбија | Наиро Кинтана | Мовистар Тим |
2014 | Полска | Рафал Мајка | Тинкоф-Саксо |
2015 | Обединето Кралство | Крис Фрум | Тим Скај |
2016 | Полска | Рафал Мајка | Тинкоф |
2017 | Франција | Варан Баргиј | Тим Санвеб |
2018 | Франција | Жилијан Алафилип | Квик-Степ Флорс |
2019 | Франција | Ромен Барде | АГ2Р-Ла Мондијал |
Место | Име | Држава | Победи | Години |
---|---|---|---|---|
1 | Ришар Виранк | Франција | 7 | 1994, 1995, 1996, 1997, 1999, 2003, 2004 |
2 | Федерико Баамонтес | Шпанија | 6 | 1954, 1958, 1959, 1962, 1963, 1964 |
Лисјен ван Импе | Белгија | 6 | 1971, 1972, 1975, 1977, 1981, 1983 | |
4 | Хулио Хименес | Шпанија | 3 | 1965, 1966, 1967 |
5 | Фелисјен Вервеке | Белгија | 2 | 1935, 1937 |
Џино Бартали | Италија | 2 | 1938, 1948 | |
Фаусто Копи | Италија | 2 | 1949, 1952 | |
Шарли Гол | Луксембург | 2 | 1955, 1956 | |
Имерио Масињан | Италија | 2 | 1960, 1961 | |
Еди Меркс | Белгија | 2 | 1969, 1970 | |
Луис Ерера | Колумбија | 2 | 1985, 1987 | |
Клаудио Кјапучи | Италија | 2 | 1991, 1992 | |
Лорен Жалабер | Франција | 2 | 2001, 2002 | |
Михаел Расмусен | Данска | 2 | 2005, 2006 | |
Рафал Мајка | Полска | 2 | 2014, 2016 |
Место | Држава | Најчести победници | Најнов победник | Победи |
---|---|---|---|---|
1 | Франција | Ришар Виранк (7) | Ромен Барде (2018) | 23 |
2 | Шпанија | Федерико Баамонтес (6) | Самуел Санчес (2011) | 18 |
3 | Италија | Џино Бартали, Фаусто Копи, Имерио Масињан и Клаудио Кјапучи | Клаудио Кјапучи (1992) | 12 |
4 | Белгија | Лисјен ван Импе (6) | Лисјен ван Импе (1983) | 11 |
5 | Колумбија | Луис Ерера (2) | Наиро Кинтана (2013) | 5 |
6 | Данска | Михаел Расмусен (2) | Михаел Рамусен (2006) | 2 |
Луксембург | Шарли Гол | Шарли Гол (1956) | 2 | |
Холандија | Стевен Рокс и Герт-Јан Тенисе | Герт-Јан Тенисе (1989) | 2 | |
Обединето Кралство | Роберт Милар и Крис Фрум | Крис Фрум (2015) | 2 | |
Полска | Рафал Мајка | Рафал Мајка (2016) | 2 | |
11 | Швајцарија | Тони Ромингер | Тони Ромингер (1993) | 1 |
Некои велосипедисти успеал да ги освојат генералниот пласман и планинскиот пласман во истата година.
Во раните години на Тур, само највисоките планини носеле бодови. Велосипедистите кои целеле на победа на Тур генерално биле добри на тие планини, па возачите високо во генералниот пласман биле вообичаено високи и во планинскиот пласман, што го правело освојувањето на двата пласмани поверојатно. Подоцна, правилата на планинскиот пласман се промениле, давајќи повеќе бодови на планините на долната категорија. Велосипедистите кои целеле за победа на генералниот пласман не трошеле енергија за овие планини и така други велосипедисти можеле да дојдат до победа на планинскиот пласман.
Генералниот и планинскиот пласман биле освоени од ист возач девет пати, од шест различни велосипедисти:
Во 1969 година, Еди Меркс не ги освоил само генералниот и планинскиот пласман, туку исто така и бодовниот пласман.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.