From Wikipedia, the free encyclopedia
Рита Сахаџију Ора (албански: Rita Sahatçiu Ora; Приштина, 26 ноември 1990 година) е британска пејачка, текстописец и глумица со албанско потекло. Живее и работи во Лондон. Рита Ора го објавила својот деби албум наречен „Ора“ во 2012 година, кој дебитирал на првото место во Велика Британија. Албумот Ора произведе три хита „Hot Right Now“, „How We Do (Party)“ и „R.I.P“, па токму затоа Рита стана изведувач со најмногу хитови на првото место во Велика Британија во 2012 година.
Нејзиниот втор албум „Phoenix“ беше објавен во ноември 2018 година. Водечкиот сингл „Your Song" се најде во топ 10 во Велика Британија, како и следните синглови „Anywhere“ и „Let You Love Me“, кои беа на првите пет места во Велика Британија, по што Рита стана првиот британски соло изведувач со тринаесет најдобри 10 синглови во Велика Британија.
Рита е родена во Приштина, Косово (СФРЈ). Нејзината мајка Вера е психијатар, а нејзиниот татко Бесик Сахатчију е економист и основач на паб. Рита има постара сестра Елена (која е дел од нејзиниот менаџерски тим) и помлад брат Дон.[1] Родена е како Рита Сахатчију, но нејзините родители подоцна додадале Ора (што на албански значи „време“) за да може полесно да се изговара.[2]
Нејзиното семејство се преселило во Лондон, Англија 1991 кога таа имала една година. Таа пораснала во Нотинг Хил во западен Лондон,[3] каде што го посетувала училиштето Св. Кутберт и основното училиште Св. Матеј, каде што ја завршила театарска школа Салвија Јанг по дипломирањето.[4] Почнала да пее уште како помлада.[1][5][6]
Рита често настапувала пред публика во Лондон, а понекогаш и во пабот на нејзиниот татко. Во 2007 година Рита првпат се појави во песна кога пеела придружен вокал во песната „Awkward“ на Крег Дејвид, а потоа повторно во 2008 година во песната „Where's Your Love“ со Триничи Стајдер. Таа не се појавила официјално во двете песни.[7] Таа се појави во две песни од албумот на Џејмс Моросон „Songs for You, Thruths for Me“, како придружен вокал.[8]
Во 2008 г. таа се појавила на аудиција за Евровизија: Потребен си ѝ на својата земја, што се емитуваше на BBC One како британски изведувач за Евровизија 2009 година и се квалификувала, но се повлекла од натпреварувањето по неколку епизоди затоа што „таа не се чувствувала добро“ и сметала дека „тој предизвик не е за неа“.[9][10] Нејзината менаџерка, Сара Стентен (која исто така работела со Ели Голдинг, Џеси Џеј и Конор Мејнард), подоцна изјавила дека Рита се пријавила на натпреварот бидејќи во тоа време чувствувала дека само така може да стекне популарност. Сара исто така рекла дека натпреварот нема да ѝ помогне да стане соло пејач, туку дека ќе ѝ го отежне тоа.
Наскоро, менаџментот на Рита ја контактирала американската издавачка куќа Рок нација, и им било кажано за тоа. Рита потпишала договор за објавување со Rock Nation во декември 2008 година, како еден од нејзините први договори.[11][12] Таа направила камео изведба во музичкиот спот на Џеј Зи за песната „Young Forever“ (2009) и музичкиот спот на Дрејк за „Over“ (2010).[13][14] По потпишувањето на договорот, Рита го снимила албумот и сакала да го издаде, но издавачката куќа ја советувала да не го стори тоа, и таа започнала да работи на нов материјал за нејзиниот деби албум.
Во текот на 2011 година, Рита објавила кавери и видеа од нејзината работа на нејзиниот деби албум на YouTube.[15] Нејзините видеа го привлекле вниманието на ДиЏеј Фреш, кој во тоа време барал женски изведувач за неговиот хит „Hot Right Now“.[16] Рита ja отпеала песната што излегла на 12 февруари 2012 година, и се нашла на првото место на музичките листи во Обединетото Кралство.[17] Во текот на февруари 2012 година Рита настапила на турнејата на Дрејк Club Paradise Tour во Велика Британија.
Првиот сингл од нејзиниот деби албум „R.I.P“ (со Тина Темпо) бил објавен на 6 мај 2012 година.[18] Песната се појавила на врвот на топ листите во Обединетото Кралство, што ја направило број еден соло изведувач.[19] На 12 август 2012 година била објавена песната „How We Do (party)“, која достигна број еден во Велика Британија и Ирска. Тоа бил втор сингл на Рита каде се појавила како соло изведувач, а третиот излегол во 2012 година.[20]
Додека била на турнејата на Coldplay, таа најавила дека нејзиниот деби албум ќе се вика Ора.[21] Албумот бил објавен на 27 август 2012 година во Европа и Австралија и се најде на првото место на топ листите во Велика Британија.[22] Рита била номинирана за Најдобар нов изведувач, Пуш изведувач и најдобар изведувач од Велика Британија / Ирски на MTV Europe Music Awards 2012.[23] Во септември 2012 година било најавено дека Рита ќе настапи на турнејата „Еуфорија“ на Ашер во Велика Британија, која започнала во јануари 2013 година. Но, турнејата била откажана поради „професионалните и личните обврски“ на Ашер.[24] Од 23 до 30 октомври 2013 година Рита ја одржала својата прва турнеја, Ora Tour, во САД.
„Shine Ya Light“ бил објавен на 4 ноември 2012 година и станал четвртиот по ред сингл меѓу првите десет на топ листите во Велика Британија.[25][26] На 26 ноември 2012 година, Рита се појавила како специјален гостин на концерт во Тирана, Албанија на 100-годишнината од независноста на Албанија.[27] Ора ја одржа својата прва турнеја во Велика Британија под покровителство на Radioactive Tour, во јануари 2013 година, за да го промовира својот албум. Таа била номинирана за три награди на Brit Awards во 2013 година, вклучувајќи ја и наградата за најдобар нов британски уметник.[28]
Во јануари 2013 година, Рита изјавила дека нејзиниот втор албум ќе биде почист и ќе има повеќе насоки од првиот.[29] На 26 февруари 2013 година, таа изјавила дека нејзиниот втор албум покажува поинаков агол на „парти девојка“.[30][31] На 24 мај 2013 година таа настапила на In New Music We Trust.[32] На 28 јуни 2013 година Рита настапила на пирамидната сцената на фестивалот Глестборн.[33]
На 18 мај 2014 година, песната „I Will Never Let You Down" се појавила на првото место на топ листите во Обединетото Кралство, станувајќи четврта по ред песна на Рита за постигнување на тој резултат, и трета како соло изведувач.[34][35] Во јули 2014 година, Рита ја издаде песната "Black Widow" со Иги Азејлија, која се појавила на првото место во Обединетото Кралство, и за првпат се најде на првите десет листи во САД, каде што била на третото место.[36] На 14 декември 2014 година, Рита настапила на Божиќ во Вашингтон, снимана во Националниот музеј.[37] На 22 февруари 2015 година, на 87-то издание на Оскари, таа ја изведе песната „Благодарен“, која се појави во филмот Зад светлината.[38] 28 јуни 2015 година Рита ја објави песната „Poison“, која се најде на третото место во Велика Британија, со што стана нејзин шести топ пет сингл во земјата.[39]
Во декември 2015 година, Рита покренала тужба против Rock Nation, барајќи да ѝ биде раскинат договорот бидејќи го потпишала во 2008 година, и дека е „неважечки“ поради калифорнискиот „седумгодишен договор“. Тужбата исто така содржела дека таа е „должна да издаде само еден албум и да не прави повеќе по објавувањето на првиот“ и дека нејзината врска со Roc Nation е „непоправливо оштетена“.[40][41] Нејзината тужба го содржела и фактот на заработка, во кој таа вели дека Rock Nation добила дваесет и пет проценти од заработката.[42] Во јануари 2016 година, Rock Nation поднесе тужба против Рита за кршење на договорот.[43] Последното судење се одржало во мај 2016 година.[44]
Во јуни 2016 година било објавено дека таа потпишала договор со Atlantic Records.[45] На 3 септември 2016 година таа настапила на концерт во Рим, заедно со други албански уметници и косовскиот оркестар.[46][47]
На 26 мај 2017 година Рита ја објавила првата соло песна по скоро две години, наречена „Your Song“, која се најде на седмата позиција во Велика Британија.[48][49] Вториот сингл „Anywhere“ стана единаесеттиот топ десет сингл во Велика Британија и се најде на второто место.
Во јануари 2018 година, Лиам Пејн и Рита ја објавија песната „For You“, од албумот за филмот Педесет нијанси - ослободени, во кој глумела и Рита.[50] Во февруари, песната се искачила на осмото место во Обединетото Кралство, со што стана дванаесетти сингл на Рита, а таа стана трета британска уметница која има најмногу топ десет синглови.[51] Во мај, Рита ја издала песната „Girls“, заедно со сите жени изведувачи, како Карди Би, Чарли Екс-Си-Екс и Биби Реџа.
На 18 септември 2018 година, Рита го открила името на нејзиниот втор албум „Phoenix“, а истиот ден, албумот бил достапен за претпродажба. На 24 септември, го издала четвртиот сингл од албумот „Let You Love Me“.[52] Синглот се искачил на четвртото место во Велика Британија, со што Рита била тринаесетти топ 10 сингл, соборувајќи 30-годишен рекорд за топ 10 синглови од британска жена соло уметник (претходно го држеа Ширли Беси и Петула Кларк).[53]
Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Hot Right Now | 2011 | Рохан Блер-Мангат |
R.I.P. | 2012 | Емил Нава |
How We Do | 2012 | Марк Класфелд |
Shine Ya Light | 2012 | Емил Нава |
Radioactive | 2012 | Syndrome |
Lay Down Your Weapons | 2013 | Кортни Филипс |
Torn Apart | 2013 | Ted Chung, Willie T. |
I Will Never Let You Down | 2014 | Франческо Карозини |
Black Widow | 2014 | Iggy Azalea, Director X. |
Doing It | 2015 | Adam Powell |
Poison | 2015 | Камерон Дуди |
Poison - Zdot Remix | 2015 | Vicky Lawton |
Body on Me | 2015 | Колин Тили |
Coming Home | 2015 | Џорџија Хадсон |
Your Song | 2017 | Мајкл Хаусман |
Lonely Together | 2017 | Levan Tsikurishvili, Phillip Lopez |
Anywhere | 2017 | Деклан Вајтблум |
For You | 2018 | Хана Лукс Дејвис |
Girls | 2018 | Helmi |
Let You Love Me | 2018 | Малија Џејмс |
Only Want You | 2019 | Хана Лукс Дејвис |
R.I.P. | 2019 | Еиф Ривера |
Carry On | 2019 | Џонатан Сингер-Вајн |
Ritual | 2019 | Софи Мулер |
New Look | 2019 | Татиа Пилиева |
How To Be Lonely | 2020 | Дејв Мејерс |
Bang | 2021 | Jasmine Loignon |
You For Me | 2021 | |
Seaside | 2021 | John Tashiro |
Follow Me | 2021 | |
Finish Line | 2022 | |
Barricade | 2022 | Joe Mischo |
You & I | 2023 | |
Praising You | 2023 | Таика Ваитити |
Praising You Pt II | 2023 | Таика Ваитити |
Don't Think Twice | 2023 | Таика Ваитити |
Last of Us | 2024 | dumisiwo |
Ask & You Shall Receive | 2024 | Дано Черни |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.