јапонски научник и нобеловец From Wikipedia, the free encyclopedia
Шуџи Накамура (јапонски: 中村 修二 22 мај 1954 ) — Јапонско американски професор при одделот за материјали на Калифорнискиот универзитет,[5] и се смета за откривач на сината LED, голем напредок во светлосната технологија.[6] Заедно со Исаму Акасаки и Хироши Амано, ја добиле Нобеловата награда за физика „за откривањето на ефикасната сина светлечка диода, која овозможила сјајни и штедливи светлински извори“.
Шуџи Накамура | |
---|---|
Роден(а) | 22 мај 1954 Иката, Јапонија |
Живеалиште | САД |
Државјанство | Јапонец (до 2005 или 2006) американец (од 2005 или 2006)[1][2] |
Националност | Американец[3][4] |
Установи | Калифорниски универзитет |
Образование | Токушимски универзитет |
Познат по | сина и бела LED |
Поважни награди | Милениумска технолошка награда (2006) Харвиева награда (2009) Нобелова анграда за физика (2014) |
Накамура дипломирал на Токушимскиот универзитет во 1977 година со диплома за електронско инженерство, и магистрирал на истиот предмет две години подоцна, по што се придружува на претпријатието „Ничија“, која има седиште во Токушима. Во периодот додека работел за Ничија, Накамура го создал првиот високосветлински галиум нитридна (GaN) LED чија сјајна сина светлина, која делумно се претвора во жолта со помош на фосфорен премаз, е клучот за создавањето на белата LED светлина, која започнала да се произведува во 1993 година.
Претходно, Жак Панков и неговите соработници при RCA вложиле голем напор, но неуспеале да создадат пазарна GaN-на LED во 1960-ите. Основниот проблем била тешкотијата за создавање на силни p-типни GaN. Накамура се надоврзал на работата на друга јапонска работна група раководена од страна на професорот Исаму Акасаки, кој го објавиле својот метод за создавање на силни p-тип GaN со електронско озрачување на GaN со примеси на магнезиум. Сепак, овој метод не бил погоден за масовно производство и неговата физика и начин на функционирање не биле доволно разјаснети. Накамура успеал да развие топлински метод кој бил попогоден за масовно производство. Во продолжение, тој и неговите соработници ја разработиле физиката и го нашле виновникот водородот, кој ги пасивизирал примачите на GaN.
Во тој период, многумина фго сметале создавањето на GaN LED диода премногу сложен процес, па Накамура има среќа што основачот на Ничија, Нобуо Огава (1912–2002) имал желба да го подржи неговиот GaN проект. Како и да е претпријатието на крај му наредило да ја одложи работата на GaN, тврдејќи дека истата одземала многу средства и време. Накамура продолжувал да ја развива сината LED диода самостојно и во 1993 година успеал да ја создаде направата.[7]
Тој бил награден со докторат за инженерство од Токагашкиот универзитет во 1994 година. Тој ја напуштил Ничија во 1999 година и го преземал местото како професор по инженерство на Калифорнискиот универзитет.
Во 2001 година, Накамура го тужел својот поранешен работодавач Ничија за неговиот бонус како дел од серијата на тужби меѓу Ничија и Накамура со со американскиот конкурент Cree Inc., тие се согласиле заеднички да ја тужат Ничија во 2000 година на трошок на Cree Inc. од која добил акции за возврат. Накамура тврдел дека примил само ¥20,000 (≈US$180) за неговото откривање на „ патентот 404,“ иако Ничија покажала дека претпријатието го наградило со напреднувања и бонуси од 62 милиони јени во период од 11 години и неговата годишна плата достигнала 20 милиони јени кога ја напуштил Ничија.[8]
Иако Накамура првично ја добил жалбата со оштета од ¥20 милијарди (≈US$180 милиони), Ничија ја обжалила одлуката и двете страни се спогодиле во 2005 година на сума од ¥840 милиони (≈US$9 милиони), во тој период наголемиот бонус кој бил некогаш исплатен од јапонско претпријатие.[9]
Накамура исто така работел и на зелената LED диода, и е еден од одговорните за создавањето на белата LED диода и сините ласерски диоди кој се користат кај Blu-ray дисковите и HD DVDијата.[10]
Накамура е професор за материјали на Калифорнискиот универзитет и има преку 100 патенти.[11] Во 2008 година, Накамура, заеднос о колегите професори Д-р Стивен Денбарс и Д-р Џејмс Спек, ја основале Сора, претпријатие кое развивало светлинска технологија заснована на чисти галиум нитритни супстрати.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.