Ѓуземелци
село во Општина Лозово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѓуземелци — село во Општина Лозово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 40 жители.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Овче Поле, на околу 6 км источно од Лозово.
Историја
На крајот на XIX век селото било дел од Велешката каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 135 Македонци.[2] Според Димитар Мишев, селото имало население од 144 христијани.
- Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — црква од XVI век;
- Црква „Св. Илија“;
- Црква „Вознесение Христово“;
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 40 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Ѓуземелци е македонско село.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото
- Доселеници: Ганевци (4 к.), Митковци (3 к.) и Куличкови (2 к.) стари доселеници со непознато потекло; Тасеви (3 к.) доселени се, но не знаат од каде; Чекови (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Горобинци. Таму биле староседелци; Мрлевци (4 к.) доселени се во XIX век од селото Кадрифаково. И таму се доселиле однекаде; Саневи (2 к.) доселени се од селото Сопот; Бабаич Стојан (1 к.) доселени се од селото Сарамзалино; Миланови (1 к.) доселени се од селото Сарамзалино. Таму припаѓале на родот Теофци. На тој род припаѓал и претходниот род; Орданови (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Делисинци; Портар (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Кнежје. Таму биле доселени од Сарамзалино, каде припаѓале на родот Теофци; Ничеви (3 к.) доселени се од селото Немањици. Таму биле староседелци; Доневи (3 к.) исто така доселени од Немањици, каде припаѓале на некој староседелски род; Дедо-Стојеви (2 к.) доселени се во 1947 година од селото Подржи Коњ кај Крива Паланка; Ристо Марков (1 к.) домаќинот на семејството имал мајка мажена во некое кочанско село со некој Турчин. Во тој брак се родило дете. Подоцна комитите, мајката и детето ги префрлиле во селото Сопот, и тука она се премажила. Ристо прешол во Ѓузумелци; Анѓелови (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Горобинци. Подалечно потекло од Кривопаланечко; Атанасови (1 к.) и они се доселени од Горобинци. Подалечно потекло од Кривопаланечко; Стојанови (1 к.) доселени се во 1957 година од селото Конопница кај Крива Паланка.[9]
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1712 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[11]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads